Хрватска е новиот неоспорен Светски шампион на Империја Онлајн за 2015 г.! Ова е втората титула за репрезентацијата од Балканот, што на сите им докажа дека е најдобрата помеѓу најдобрите! Романија ги освои сребрените медали, а Полска ја зеде бронзата. Бугарија, Бразил, Шпанија и Грузија, заедно со нивните сојузници, го дадоа најдоброто од себе си за да ја предизвикаат Хрватска во втората седмица на турнирот и се бореа до последната минута за да направат пресврт, за коешто заслужуваат огромна почит. 51 пати замоци што беа во собственост на држави, беа покорени од противнички тимови, со тоа што 20 од овие напади се случија во последните 2 дена од турнирот! На крајот хрватите излегоа победници, чувајќи ги главните сојузни поседи неповредени, што им дозволи да генерираат огромни количества поени влијание и порано да го затворат Светското. Поздрави за победниците и за сите учесници во годинешната Битка над сите битки!
Ќе бидете запомнети!
https://www.youtube.com/watch?v=L2Gc_J3A5X8