И да заврши и овогодинешното Светско првенство во Империја Онлајн. Едно браво, па уште едно браво, па и едно големо БРАВО за дел од Македонската селекција. Мојте шефови погоре се убаво ви напишале и нацртале, само 6 луѓе го изиграа светсково...ама тоа е тоа. Здравје до година повторно, па можеби следната овие 6 луѓе ќе го играат светското и со дупли акаунти
. А сега еден голем аплауз дека на бината ќе искочат conevski1, ivo5, back1, el_moro, trenat и devils_may_cry па поздравете ги на начин на кој им доликува.
Знаете кој ден е денес така 2 Август ? 2 Август 1903 - 2 Август 2013, запаметете дека Македонија на најголемиот националистички празник го забележа и својот најдобар пласман во ИО. Е сега ставете го вашиот показалец (не е битно кој дали лев или десен) на главата, и размислете на секунда "Што ќе направеа овие дечки доколку имаа 50 000 дијаманти ?"
И сите Вие го знаете одговорот на ова прашање. Сигурен пласман во ТОП 10 или би можел и комотно да кажам ако не и во ТОП 5. Ама ајде здравје, на следното првенство направите добро дело, ако ги забележите овие дечки повторно да играат, одвојте едно иљадарче купете едно пакетче од 500 дијаманти и донирајте.
Со Ваша помош како 16-ти играч, Македонија секогаш може подобро. Ми беше задоволство што другарувавме изминатиов период, се читаме, гледаме, слушаме, пееме до следното Светско Првенство во ИО.
Сега одам да прославам со гореспоменатите дечки.......