Imperia Online International
April 20, 2024, 00:42:25 AM *
Welcome, Guest. Please login or register.
Did you miss your activation email?

Login with username, password and session length
 
   Home   Help Search Login Register  
Pages: [1]   Go Down
  Print  
Author Topic: СП - седмица 1  (Read 1968 times)
0 Members and 1 Guest are viewing this topic.
Angela
Community Manager
*

Karma: +256/-18
Offline Offline

Posts: 3658


« on: July 03, 2013, 09:14:19 AM »

СП - седмица 1
« Last Edit: July 05, 2013, 09:24:27 AM by Angela » Logged


Angela
Macedonian Community Manager


Facebook Fan Page
Madzoism
Global Moderator
*

Karma: +78/-21
Offline Offline

Posts: 644



« Reply #1 on: July 05, 2013, 22:33:41 PM »

 Добро вечер...
 Еве само што истекува 31 час од почетокот на натпреварувањето и играчите полека влегуваат во ритам. По мојата критика за донирањето дијаманти во националната ризница, конечно некој пушти срце и донира 50 дијаманти. Можеби не се многу но ете важно е дека се придвижуваме и на тоа поле. Што и како прават бразилците сигурно се прашуваат поголемиот дел од играчите како и вие почитувани кои ги пратите случувањата на светското првенство. Дури и за Мега Блиц светот за 30 часа да се стигне до приближно 280 000 поени е нешто би рекол незамисливо. Која е тајната сигурно знае бразилецот __AMA__ зад кој заостануваат неговите сонародници TAVARESSS и astfalcon. Бразилците засега неприкосновени, се гледа дека доста добро ги користат 3-те дена почетничка заштита и просто грабат неверојатно нанапред. Топ 10 листата ја надополнуваат Viktoria89 (4-то место) и Nik0l (9-то место) од Бугарија, ady_boy (5-то место) единствениот романец во топ 10, INFRAMUNDE на 6-то место од доминиканската република, mandjo35 и mikac0901 на 7-то и 8-то место од Хрватска и efeece на 10-то место.
Кај нашите развојот оди според очекуваното ,динствено незнам што се случи со ZLaTe_MK затоа што не го гледам во нашиот состав, еве ветувам дека во текот на утрешниот ден ќе се обидам да дознам што се случило со него и општо што се случува во нашата репрезентација и до каде се стигнати со економскиот и воениот развој. До утре ,

b_mad
Logged
Madzoism
Global Moderator
*

Karma: +78/-21
Offline Offline

Posts: 644



« Reply #2 on: July 06, 2013, 23:45:32 PM »

Поздрав драги читатели.
Еве ме повторно и како што вчера ви ветив денес ќе ви соопштам поточни информации за равојот на играчите и алијансите на светското првенство.
Нашите претставници моментално се зафатени и ја користат почетничката заштита за дигање на централизации затоа што сите знеме колку е тоа важно како економски така и воено. Иако сите играчи во нашиот сојуз се приближно тука во развојот, засега најдобро се снаоѓаат conevski1 со 51236 поени, Ivo5 со 44666, следува El_Moro со 35285 поени па останатите. ZLaTe_MK одлучил дека нема да се натпреварува, зошто тој најдобро си знае. Фер што тоа го кажал од почеток и не фер што веќе го зел местото на некој друг.
Во генералниот пласман според очекувањата топ 20-те се претежно бразилци и бугари, и по неколку "залутани" налози од другите земји учеснички на светското првенство, еве уверете се и сами http://prntscr.com/1dx5dz , а еве како изгледа и ранг листата според вкупниот развој на алијансите http://prntscr.com/1dx5t4 .
Ние засега се наоѓаме на одличното 16-то место но очекувам дека за кратко време ќе се најдеме и во првите 10 што би претставувало одличен резултат.
Се читаме повторно утре, во исто или слично време.

b_mad
Logged
Madzoism
Global Moderator
*

Karma: +78/-21
Offline Offline

Posts: 644



« Reply #3 on: July 08, 2013, 17:35:32 PM »

Поздрав воини.
Доста новини имам да ви соопштам така да незнам од каде да почнам, па еве можеби би било најдобро со генералниот  развој на сојузите. Бразилците засега далеку на врвот со двојно повеќе нето економски поени од второпласираната Бугарија, па следува Романија која заостанува за 8мил поени позади бугарите. Еве и слика од топ 20-те рангирани репрезентации  http://prntscr.com/1e89gy на која ќе забележите дека ние се наоѓаме на солидното 16-то место. По 3 дена игра бразилците веќе го зазедоја централниот замок а исто така и хрватите успеаа да заземат еден замок за жал не успав да дознам кој. Засега и двете репрезентации не се решија да го дигаат нивото на Големиот Храм па така да ни една од нив нема опсег на влијание http://prntscr.com/1e8993 .
Во моментов во тек се и 5 војни http://prntscr.com/1e8971 од која најинтересна можете да забележите е онаа помеѓу Србија и Турција, сите ние ја знаеме "љубовта"
помеѓу овие две ривалски држави и желбата за престиж.
Во поединечен развој топ 20 листата исгледа вака  http://prntscr.com/1e89c4 , равојот и брзината со која растат играчите од врвот е просто неверојатен. Кај нас сеуште засега најдобро котира conevski1 на 118-то место но тука блиску до него се и останатите наши репрезентативци.
Ајде македонци ја имате нашата подршка, само храбро , само напред........

b_mad
Logged
Zsigmund
Trusted Member
*

Karma: +20/-13
Offline Offline

Posts: 114


« Reply #4 on: July 10, 2013, 18:28:45 PM »

Полека се ближиме кон крајот на првата недела од долгоочекуваното Светско Првенство во Империја Онлајн 2013 година.
Како што доаѓа крајот, така почнаа и првите војни. Нашата репрезентација имаше така наречени тренинг војни, во кои немаше многу поместувања,
не се постигнаа војни поени, немаше прсврти и неизвесни моменти. Тоа беа две војни во кои повеке се скенираше војската и активноста на нашите играчи.
Првата војна беше објавена од страна на Аргентинската репрезентација, која е позиционирана веднаш до нашата репрезентација, а заврши со резултат
не поволен за нашите натпреварувачи. Војната беше изгубена со 1 574:4 791 во корист за Аргенитна. Втората војна беше објавена од страна
на Чиле, но за разлика од првата, овој пат нашите момци ја добија оваа војна со рзултат од 1145:693.
Би издвоил уште една интересна војна која во моментов е при крај. Интересна е затоа што се одвива помеѓу првите две репрезентации, кои според
мене се и најголемите претенденти за освојување на златниот медал на ова Светско Првенство. Тоа се Бразил и Бугарија. Во текот на целата војна, бугарите
беа во предност, но сепак на крајот, бразилците успеаја да го свртат резултатот во нивна корист. Моменталниот резултат е   57 613:51 606 на само 40 минути до
крајот на војната. Се надевам дека на ова Светско Првенство, ке гледаме уште вакви интересни војни!!!

СИЛА И ЧЕСТ!!!
Logged

Дај да ти го поминам главниот!
Madzoism
Global Moderator
*

Karma: +78/-21
Offline Offline

Posts: 644



« Reply #5 on: July 10, 2013, 21:11:08 PM »

По еден ден пауза еве ме повторно со вас, да ве известам општо што се се случува на светското првенство. Ново е што Романија се приклучи кон Бразил и Хрватска во смисла дека и тие зазедоа еден сојузнички замок. За разлика од Бразил кои го зазедоа централниот замок и Хрватска јужниот, романците се одлучија за источниот замок. Голем напредок, поединечно, забележуваат efeece од Турција со 40 244 356 поени на првата позиција и ady_boy од Романија со 29 452 472 на втората позиција. Друго што е интересно да се спомене е што во Топ 10-те играчи на ранг листата нема двајца играчи од иста држава, не каратеристично би рекол   барем ако погледнеме наназад на последните светски првенства. Досега беше вообичаено да ги гледаме Бугарија и Бразил, делумно Романија и Хрватска да се борат за позициите во првите 10, но ете добро е кога има промени.
Нашите претставници се држат до планот што го имаат зацртано, двете војни во кои се најдоа нашите беа "лесни" војни ако може така да се каже беа тактички одлично одиграни од страна на нашите па половичниот успех би рекол дека е задоволителен. Аргентина : Македонија, победа на аргентинците од 4 791 : 1 574 и Чиле : Македонија , наша победа од 1145 : 693.
Е сега што се однесува до војните и објавувањето на истите, правилата се следните : 1. Времетраењето на војната е 17 часа.
2. Периодот на затишје помеѓу објавувањето и активирањето на војна е 1 час.
особено би сакал да обрнете внимание на 2-то правило почитувани, само еден час трае затишјето од објавувањето до почетокот на војната што државите со различни временски зони или паметно ќе го искористат или истото ќе биде употребено против нив.
За се она што не успеав да ве информирам можете да го најдете на официјалната страна на ИО на следниот линк http://worldcup.imperiaonline.org/?section=tournament_live .
Следете не.
b_mad
Logged
tock.a
Trusted Member
*

Karma: +45/-13
Offline Offline

Posts: 142


« Reply #6 on: July 10, 2013, 23:20:43 PM »

Ќе ви презентирам уште некоја информација во врска со нашите преставници, барем она што успеав да го разберам.
За оние кој не виделе вака изгледа активноста и бодовите на нашите играчи http://prntscr.com/1eo9xr , како што може да видите активноста е добра страна и играчите се потпомагаат. Единствената слабост ја искористија репрезентацијата на Аргентина која ја објави војната во 4:50 рано изутрина кога повеќето спијат на жалост, двајцата активни играчи ги средија сите профили утрото меѓутоа резултатот сепак излезе во полза на Аргентина. Неколку минути подоцна и Чиле им помогнаа на Аргентина како да биле во дослух и они објавија војна меѓутоа гордоста наша излезе победник против Чиле. На светското првенство има големи разлики во бодови, исто како што има разлики во економскиот развој на државите во реалниот свет во однос на финансиите. Нашата репрезентација сеуште се наоѓа на првата страница од ранг листата и после 8 дена. Единствено што останува е да ги бодриме и да ги подржуваме на било каков начин. Поздрав, кон остварување на вашата цел.
Еве ја и ранг листата како изгледа http://prntscr.com/1eodkl   *bravo*
Logged

Once you learn to quit, it becomes a habit.
Pages: [1]   Go Up
  Print  
 
Jump to:  

Powered by MySQL Powered by PHP Powered by SMF 1.1.12 | SMF © 2006-2009, Simple Machines LLC Valid XHTML 1.0! Valid CSS!