Imperia Online International
September 28, 2022, 04:19:44 AM *
Welcome, Guest. Please login or register.
Did you miss your activation email?

Login with username, password and session length
 
   Home   Help Search Login Register  
Pages: [1]   Go Down
  Print  
Author Topic: СП пролог  (Read 1362 times)
0 Members and 1 Guest are viewing this topic.
Angela
Community Manager
*

Karma: +256/-18
Offline Offline

Posts: 3658


« on: July 03, 2013, 09:13:18 AM »

Воведни статии за Светското првенство
« Last Edit: July 05, 2013, 09:25:42 AM by Angela » Logged


Angela
Macedonian Community Manager


Facebook Fan Page
_Master_
Reporter
*

Karma: +12/-5
Offline Offline

Posts: 31


Fighting for peace is like screwing for virginity


« Reply #1 on: July 03, 2013, 17:58:31 PM »

Вториот дел од интервјуто со нашиот CM Ангела ви го доставувам при самиот почеток на Светското првенство, беше најавено два дена после првиот дел, но поради технички проблеми ви го доставувам сега драги читатели.

Ангела може ли да се сретне во одредени светови, игра ли некаде или не ?

Angela: Не играм никаде во live световите, за жал на администраторите не им е дозволено да играат. Имаме други светови кои ни служат за тестирање и проверување.

Дали ова е најсилниот тим што Македонија ќе ја престави на овој турнир?

Angela: Ако се направи споредба според поените на првите играчи што успеале да се изборат за неопходните според правилата први места на трите натпревари за квалификаации на досегашните светски првенства, играчите што ќе не претставуваат на ова, постигнаа најголем успех. Треба да се има во предвид исто и тоа дека конкуренцијата овој пат  беше доста поголема бидејќи за учество во ова првенство се пријавија најмногу македонски играчи во однос на претходните. Досега целиот труд беше за личен успех и им честитам на избраните  што одлично се справија.

Дали Македонија може да се носи со останатите Балкански земји, пред се од Бивша Југославија, бидејќи далеку сме од една Бугарија па и Романија, можеби не играчки ама комерцијално сигурно ?

Angela: Со сите тие како што ги нарече - балкански земји, делиме и имаме доста слични работи во различни области, а и секојдневно играме во други ИО светови, секогаш сме се носеле со тоа и се разбира дека можеме и ќе продолжиме. Иако сите имаат силни репрезентаци, членовите на повеќето играат во сличен состав веќе трета година и веројатно се и подобро комерцијално подготвени мислам дека нема да заостанеме зад нив. Сериозноста и мотивираноста за пласман овој пат во нашата репрезентација е голема и сигурна сум дека таа желба е отскочна точка кон успех на ваков натпревар.

Многу е тешко, скоро и невозможно да се предвиди конечниот пласман на нашата селекција на вакви големи натпреварувања, но сепак во секој случај кој е твојот тип ?

Angela: Имаме извонредни играчи во и надвор од Светското, како и доста нови играчи со голем потенцијал да им се доближат. Во овие неколку недели играчите со повеќе искуство имаат шанса да станат уште поголеми со тоа што ќе пренесат свое знаење и способности на поновите, а другите да научат и да подобрат дел од својата игра што ќе им користи и во другите светови. Верувам дека ако се игра посветено, без откажување и заедно, без да има поделба и да се прават разлики и споредби кој е подобар и повеќе знае, а да се игра како еден тим, имаме многу добри шанси за повисок пласман. Светското е настан во кој се создава целосен впечаток за една нација, овој тим индиректно ги претставува сите македонски играчи и верувам дека ќе се покаже како што им прилега на македонски воини. Среќно!


Ти благодарам на учеството и ти посакувам долги години успешна работа во ИО.
Logged

Tips to reduce weight: First turn your head to the right, and then turn it to the left. Repeat the exercise every time you are offered something to eat *PUNISH*
Madzoism
Global Moderator
*

Karma: +78/-21
Offline Offline

Posts: 644



« Reply #2 on: July 04, 2013, 21:49:16 PM »

Добра вечер почитувани...
Ете започна тоа што сите го очекувавме, Светското првенство на Империја Онлајн. Моментално сите играчи се наоѓаат под почетничка заштита. Претставниците од целиот свет имаат по 3 дена да се припремат најдобро што можат затоа што после тие 3 дена започнува пеколот.  Нема федерации, нема пактови за ненапаѓање брзината на играта е x10 доколку ве интересираат останатите правила за Мега Блиц светот , можете истите да ги најдете тука http://worldcup.imperiaonline.org/?section=tournament_rules .
Дел од нашите играчи веќе влегоа во "војна" со своите независни провинции, секоја чест би рекол и се надевам дека добро напредуваат затоа што конкретно немам увид во нивниот развој. Екипата која ќе не претставува ве уверувам дека е 99% најдоброто од Македонија. Сум имал чест да играм заедно барем со половината од нив или најмалку во ист свет па го знам нивниот начин на игра и верувајте ми дека станува збор за вистински мајстори на ИО кои ќе не претстават во најдобро светло досега. Меѓутоа конкуренцијата ќе биде немилосрдна затоа што почитувани, главната награда од 100000 дијаманти е навистина примамлива и вреди да се вложи во играта затоа што сите ние зависници од ИО знаеме што значат и колкава предност даваат истите во развојот на играта. Бројот на донирани во нашата ризница очекувано како и во претходните години е еднаков на 0. Жално што ете баш никој не се најде да донира по некој дијамант како би ја олесниле играта на нашите претставници, но ние македонците сме снаодлив народ и сигурен сум дека барем дел од нив ќе "ископаат" по некој дијамант.
Останете со репортерскиот тим на ИО за да бидете правовремено информирани за случувањата на светското првенство. И бидете дел од екипата која ќе ги бодри нашите во остварување на најдобриот пласман досега .

b_mad
Logged
Pages: [1]   Go Up
  Print  
 
Jump to:  

Powered by MySQL Powered by PHP Powered by SMF 1.1.12 | SMF © 2006-2009, Simple Machines LLC Valid XHTML 1.0! Valid CSS!