Еве не на почетокот на втората седмица. Досега колку што може да се забележи на ова светско првенство е тоа што најмногу доаќа до израз, дијамантите. Јачината на играчите повеќе би рекол дека не доаѓа од нивното знаење туку од длабочината на нивниот џеб. Светлата страна на тоа е можеби изгледот на ранг листата како на поединците
http://prntscr.com/1euvua така и на алијансите
http://prntscr.com/1euw5o . Иако засега Хрватска води на табелата ако успеавте да видите на сликата ако обрнавте барем малку внимание ќе забележите дека највисока вредност сепак има Бразил па следуваат Бугарија, Романија и Турција. Таа вредност се состои од сојузните истражувања, сојузните поседи и најважното сојузничката војска.
Мене искрено ми се допаѓа моменталниот изглед на ранг листата на играчите
http://prntscr.com/1euvua е сега би сакал и некој наш да се наоѓаше тука но што е тука, тука е. Дали е ова вистинскиот изглед според знењето или куповната моќ на играчите , тоа го оставам на вас , почитувани, да одлучите.
Помалите алијанси кои реално немаат шанса за борба за едно од првите 3-места "утеха" бараат во војните и сигурен сум дека доста добро се забавуваат. Чиле според мене засега биле во најмногу војни досега 5 војни ( 3 победи и 2 порази ) и моменталната војна со моќната Русија во која водат чилеанците 15975 спрема 8023. Еве слики од моменталните војни како и од досега завршените војни од почетокот на светското првенство
http://prntscr.com/1euvyc ,
http://prntscr.com/1euw1r .
Засега остануваат уште 3 слободни замоци, дали премногу рано се одлучија алијансите за заземање на истите или не прашање е само на тактика
http://prntscr.com/1eva7i , хрватите држат 2 замоци додека Бразил ,Турција, Бугарија и Романија по еден.
Успеав да пронајдам и слика од еден интересен детал што можеби малку ќе ве подзамисли со што се располагаат играчите
http://prntscr.com/1evc9r , за вас кои не разбирате хрватски станува збор за товарни колички.
Следете не.
b_mad