По еден ден пауза еве ме повторно со вас, да ве известам општо што се се случува на светското првенство. Ново е што Романија се приклучи кон Бразил и Хрватска во смисла дека и тие зазедоа еден сојузнички замок. За разлика од Бразил кои го зазедоа централниот замок и Хрватска јужниот, романците се одлучија за источниот замок. Голем напредок, поединечно, забележуваат efeece од Турција со 40 244 356 поени на првата позиција и ady_boy од Романија со 29 452 472 на втората позиција. Друго што е интересно да се спомене е што во Топ 10-те играчи на ранг листата нема двајца играчи од иста држава, не каратеристично би рекол барем ако погледнеме наназад на последните светски првенства. Досега беше вообичаено да ги гледаме Бугарија и Бразил, делумно Романија и Хрватска да се борат за позициите во првите 10, но ете добро е кога има промени.
Нашите претставници се држат до планот што го имаат зацртано, двете војни во кои се најдоа нашите беа "лесни" војни ако може така да се каже беа тактички одлично одиграни од страна на нашите па половичниот успех би рекол дека е задоволителен. Аргентина : Македонија, победа на аргентинците од 4 791 : 1 574 и Чиле : Македонија , наша победа од 1145 : 693.
Е сега што се однесува до војните и објавувањето на истите, правилата се следните : 1. Времетраењето на војната е 17 часа.
2. Периодот на затишје помеѓу објавувањето и активирањето на војна е 1 час.
особено би сакал да обрнете внимание на 2-то правило почитувани, само еден час трае затишјето од објавувањето до почетокот на војната што државите со различни временски зони или паметно ќе го искористат или истото ќе биде употребено против нив.
За се она што не успеав да ве информирам можете да го најдете на официјалната страна на ИО на следниот линк
http://worldcup.imperiaonline.org/?section=tournament_live .
Следете не.
b_mad