Добра вечер почитувани...
Ете започна тоа што сите го очекувавме, Светското првенство на Империја Онлајн. Моментално сите играчи се наоѓаат под почетничка заштита. Претставниците од целиот свет имаат по 3 дена да се припремат најдобро што можат затоа што после тие 3 дена започнува пеколот. Нема федерации, нема пактови за ненапаѓање брзината на играта е x10 доколку ве интересираат останатите правила за Мега Блиц светот , можете истите да ги најдете тука
http://worldcup.imperiaonline.org/?section=tournament_rules .
Дел од нашите играчи веќе влегоа во "војна" со своите независни провинции, секоја чест би рекол и се надевам дека добро напредуваат затоа што конкретно немам увид во нивниот развој. Екипата која ќе не претставува ве уверувам дека е 99% најдоброто од Македонија. Сум имал чест да играм заедно барем со половината од нив или најмалку во ист свет па го знам нивниот начин на игра и верувајте ми дека станува збор за вистински мајстори на ИО кои ќе не претстават во најдобро светло досега. Меѓутоа конкуренцијата ќе биде немилосрдна затоа што почитувани, главната награда од 100000 дијаманти е навистина примамлива и вреди да се вложи во играта затоа што сите ние зависници од ИО знаеме што значат и колкава предност даваат истите во развојот на играта. Бројот на донирани во нашата ризница очекувано како и во претходните години е еднаков на 0. Жално што ете баш никој не се најде да донира по некој дијамант како би ја олесниле играта на нашите претставници, но ние македонците сме снаодлив народ и сигурен сум дека барем дел од нив ќе "ископаат" по некој дијамант.
Останете со репортерскиот тим на ИО за да бидете правовремено информирани за случувањата на светското првенство. И бидете дел од екипата која ќе ги бодри нашите во остварување на најдобриот пласман досега .
b_mad