Imperia Online International
September 26, 2022, 14:07:05 PM *
Welcome, Guest. Please login or register.
Did you miss your activation email?

Login with username, password and session length
 
   Home   Help Search Login Register  
Pages: [1]   Go Down
  Print  
Author Topic: Услови и правила на Светско првенство 2013  (Read 2490 times)
0 Members and 1 Guest are viewing this topic.
Angela
Community Manager
*

Karma: +256/-18
Offline Offline

Posts: 3658


« on: July 02, 2013, 15:12:22 PM »

Старт

  • Почеток на 04.07.2013 во 15:00 часот, време по сервер, [ВПГ +2].
  • Бесплатна регистрација.
  • Активирање на „Господари на Светот” – 3 седмици после почетокот.
  • Максимално времетраење – 4 седмици.
  • Учествуваат само националните тимови од сите држави.
  • Тимовите во првите 10 според нето економски поени во Светското Првенство 2012, ќе добијат по 50 000 дијаманти во сојузната ризница како награда за постигнатите резултати во претходното издание на натпреварот.

Награди

  • Шампионот на Светското Првенство 2013 ќе добие 100 000 дијаманта.
  • Името на Сојузот - победник ќе биде изгравирано на сребрена плочка во основата на Пехарот на Единствениот.
  • Златните медали преку курир ќе им бидат доставени на сите учесници, членови на сојузот победник, сребрените и бронзените медали ќе им бидат испратени на членовите од сојузите на второ и трето место.
  • Членовите на сојузот, победник на турнирот, во рангирањето и профилите засекогаш ќе имаат ознаки, медали за „Светски Шампион на Империја Онлајн”.
  • Сојузите, рангирани на второ и трето место, во рангирањето и во профилите засекогаш ќе имаат ознаки кои ги илустрираат сребрените и бронзените медали, соодветно.

Донации:

  • Секој национален тим има заедничка сојузна ризница за дијаманти.
  • Секој кој сака, може да го спонзорира националниот тим преку купување на дијаманти, коишто одат директно во соодветната сојузна ризница.
  • Лидерот и Првиот офицер ја определуваат граница за подигање дијаманти од членовите.
  • Лидерите ќе можат да испраќаат лични пораки до нивните сонародници, ако има потреба за донации на Дијаманти во сојузната ризница.
  • Првите 5 донатори од одредена држава и рангирањето на сите држави според направени донации, ќе бидат достапни на информативната страна на Светското Првенство.
  • Најдарежливите донатори ќе бидат наградени со медал Срце на Донаторот, тој ќе се гледа во рангирањето и профилот до почетокот на следното Светско Првенство.
« Last Edit: July 02, 2013, 15:33:28 PM by Angela » Logged


Angela
Macedonian Community Manager


Facebook Fan Page
Angela
Community Manager
*

Karma: +256/-18
Offline Offline

Posts: 3658


« Reply #1 on: July 02, 2013, 15:26:06 PM »

Општи услови:

  • Дозволено е управување на повеќе од еден профил од еден човек, но само преку модот чувар на профил.
  • Чуваните профили се дозволени само во истиот сојуз.
  • Играч може да чува или да биде чуван од секого во својот тим.
  • На чуварите им е дозволено да ги контролираат чуваните војски.
  • Секој национален тим формира сојуз и го добива името на државата, напишано на англиски. Нема специјални симболи во имињата.
  • Дозволено им е да учествуваат само на национални тимови формирани од најмалку 5 члена.
  • Комуникацијата помеѓу членови од други сојузи преку лични пораки е забранета.
  • Профилите на играчите и сојузите имаат ограничена функционалност:
            Нема аватари,
            Нема коментари,
            Нема лични податоци.
  • Аватарите во сојузното мени ќе бидат автоматски поставени од ИО и ќе го претставуваат националното знаме на државата од тимот. Нема да има и сојузни описи.
  • Сите купени дијаманти, преостанати во профилите на играчите, после крајот на турнирот можат да бидат преместени во други профили.

Правила на игра:

  • Брзина на развој на Империите – Мега Блиц х10.
  • Секој сојуз се формира од максимум 8 профила од истата раса.
  • Во првите 3 дена од турнирот сите играчи ќе бидат под „Почетничка Заштита”, тоа значи дека нема да можат да се шпионираат и напаѓаат меѓусебно.
  • Се применуваат сите правила и механика од световите во нормалната верзија 5, освен споменатите исклучоци.
  • Нема советник.
  • Нема мод Одмор.
  • Нема Празнична Заштита.
  • Нема промена на локација.
  • Нема известувања за промени во развојот на Империјата.
  • Нема Пакт за Ненапаѓање и Федерација во односите на Сојузот.
  • Играчите не можат да ги напуштат своите сојузи.
  • Лидерите и Првите офицери не можат да исфрлаат/канат членови на сојузот.
  • Ако играч ги прекрши правилата на турнирот или ИО Условите и Правила, неговиот профил веднаш ќе биде блокиран.
  • Секој национален натпреварувач, рангиран прв во Квалификациите за Светско Првенство, автоматски станува функционален Лидер на Сојузот. Членовите на секој од националните Сојузи ќе можат да гласаат за нов Лидер, ако сакаат.

Исфрлање од Сојузот и Резерви:

  • Мод со кој играчите може да бидат номинирани за исфрлање од Сојузот.
  • Лидерот и Првиот офицер може да номинираат членови, само ако сојузот е составен од повеќе од 10 играчи.
  • Времетраењето на гласањето е 24 часа или додека не се соберат сите потребни гласови, чијашто сума е поголема или еднаква на сумата од членовите минус 3.
  • Кога ќе се собере потребното количество гласови, Империја Онлајн тимот го отстранува номинираниот играч од тимот.
  • Исфрлените играчи го напуштаат натпреварот за добро и не можат да играат во друг Сојуз.
  • Секој национален тим кој достигнал максимален број членови, ќе има 3 играча за резерви.
  • Резерви се играчите кои се рангирале на 16-та, 17-та и 18-та позиција во Квалификациите.
  • Сојузите ќе имаат можност да заменуваат членови со резерви во првите 48 часа после почетокот на Првенството.
  • Играчите, заменети со резерви, од сојузот мора да бидат исфрлени преку гласање, по истите правила, наведени погоре.
  • Номинираните играчи ќе бидат отстранети и заменети со резерви во првиот работен ден после номинациите, од страна на тимот на ИО.
  • Кога ќе поминат првите 48 часа и номинираните играчи се заменети со резерви, тимовите ќе бидат фиксирани.


Рангирање и Победа:

  • Победник е сојузот кој ќе успее да задржи најмалку 60% сојузен опсег на влијание за период од 17 часа. Фазата за освојување на светот „Господари на Светот”, се активира после 3-тата седмица од почетокот на ерата.
  • Ако до крајот од 4-тата седмица, никој сојуз не успее да ја освои титулата „Господари на светот”, светски шампион станува оној сојуз кој е рангиран на 1-во место според нето економски поени.
  • Рангирањето е според сојузни нето економски поени - сума на нето економските поени од сите членови.
  • Остатанатото од индивидуалните/сојузните нето економски поени е само за престиж.
  • Ако победата е добиена преку натпреварот „Господари на Светот”, второто и третото место се доделуваат на следните два сојуза со највисок процент сојузно влијание. Ако само два сојуза располагаат со опсег на влијание, бронзениот медал ќе отиде кај сојузот со најмногу нето економски поени.
  • Ако победата е добиена преку сојузното рангирање по нето економски поени, опсегот на влијание не се зема во предвид и второто и третото место се доделуваат на следните два сојуза со најмногу нето економски поени после шампионот.
« Last Edit: July 02, 2013, 15:26:42 PM by Angela » Logged


Angela
Macedonian Community Manager


Facebook Fan Page
Angela
Community Manager
*

Karma: +256/-18
Offline Offline

Posts: 3658


« Reply #2 on: July 02, 2013, 15:32:54 PM »

Мега Блиц x10 Дефиниција:

    Блиц светот ги следи правилата и механиката на Империја Онлајн, но брзината на игра е помножена со 10, тоа значи дека развојот на профилите е 10 пати побрз од тој во свет со нормална брзина.
    
  • Економија
       Производство х10 - 10 пати поголемо количество ресурси се произведува за 1 час од 100 работници, имено - 100 дрво/ 20 железо/ 50 камен.
        Приход на злато x10 – 10 пати поголемо количество на извлечено злато од данок за 1 час од 100 работници, имено:
            Втора стапка (многу низок) – +10 злато
            Трета стапка (низок) – +20 злато
            Четврта стапка (среден) – +30 злато
            Петта стапка (висок) – +40 злато
            Шеста стапка (многу висок) – +50 злато
        Прираст на население x10 – бројот на население се зголемува 10 пати побрзо, но лимитите на население кај Номадите и капацитетите на куќите кај Империјаните, остануваат исти.
        Задоволството не е под влијание на брзината на игра.
        Миграцијата не е под влијание на брзината на игра.
        Времето за изградба и истражување е поделено со 10.
        Моменталната изградба е достапна ако преостануваат само 48 часа, а моменталното истражување - 12 часа*.
        * Ова е основниот лимит. Колку е повисок развојот, нето економските поени и бројот на потрошени дијаманти за моментално истражување, толку е повисок лимитот.
        Транспортот на ресурси помеѓу припоените провинции додека има напад е 5 минути. Во мирни времиња, може да биде моментален.
        Каматата на банката е ограничена до 30 000 000 на ден.
        Кредитите од банката нудат 10 пати поголеми количества, а периодот за исплаќање е 168 часа.
        Платеното 10-часовно производство може да се добива на секои 24 часа. Количеството на добиени ресурси е 10 пати поголемо од тоа во свет со нормална брзина, бидејќи производството е x10, но цената         останува иста - 10 дијаманта.
        Колонизаторите патуваат 10 пати побрзо до избраното место, а времето за градење колонија е 1 час.
    
  • Војска
       Времето за обука на единици е 10 пати пократко.
        Брзината на единиците е 10 пати поголема.
        Издржувањето е 10 пати повисоко.
        Најкратката мисија е 10 минути во мирни времиња.
        Патувањето помеѓу припоените провинции и до независните провинции одзема 2,5 минути додека сте под напад; 1 мин и 15 секунди, додека непријателски сојузен член напаѓа, и сѐ уште може да биде моментално   во мирни времиња.
        Периодот за ненапаѓање на независните провинции, кои сѐ уште имаат ресурси, е 10 пати пократок.
        Провинција може да биде ограбувана еднаш на секои 17 часа. 4 грабежи може да бидат направени од еден играч на секои 24 часа.
        Капитулацијата продолжува 17 часа. Играч “x” има право да капитулира од играч “y” само ако 5 часа пред капитулацијата, “y” го нападнал “x” најмалку еднаш, а “x” не го нападнал “y”.
        Автоматски генерираната чест е +3 за Офицери-Дипломати и 2 за сите преостанати играчи.
  
  • Дипломатија
       Стадиумите на статусот за Лојалност се поделени со 10, па соодветното Задоволство и Специјални бонуси се добиваат 10 пати порано во ерата.
        Времетраењето на војната е 17 часа. Периодот на затишје помеѓу објавувањето и активирањето на војна е 1 час.
        Најкратката воена мисија за време на војна е 10 минути.
        Провинција може да биде ограбувана на секои 8 часа во војна.
        Периодот на затишје (без напад) на новооснованите/освоени сојузни поседи е сѐ уште 1 час.
        Лидерот и Првиот офицер може да унапредуваат/деградираат членови ако поминале најмалку 17 часа од последното унапредување/деградирање.
« Last Edit: July 02, 2013, 15:34:47 PM by Angela » Logged


Angela
Macedonian Community Manager


Facebook Fan Page
Pages: [1]   Go Up
  Print  
 
Jump to:  

Powered by MySQL Powered by PHP Powered by SMF 1.1.12 | SMF © 2006-2009, Simple Machines LLC Valid XHTML 1.0! Valid CSS!