Епа дојде и очекуваниот финиш во квалификациите, ни престојат два дена одмор пред она правото, вистинското што допрва треба да следи ....
Најдобрите 15-ет веќе ги знае цела Македонска јавност, дојде време сега Македонија да си ги подржи својте императори на начин на кој тоа доликува...
Костурот на тимот се знае, дел од играчите се први виолини, предводници на шампионски сојузи, познати низ сите светови од ИО, сега сето тоа искуство дојде време да се пренесе, онаму каде што највеќе и треба на Македонија на самиот турнир, да го докажеме тоа што сите го знаат, не да бидеме изненадување, туку да го оправдаме нашето учество во ТОП 10 репрезентации со хендикеп од 50 000 дијаманти, тешко но не и невозможно.
Познато е дека ние Македонците скоро секогаш играме со врело срце и жешка глава, полни со мотивација, страст за борба против најдобрите без предавање, секогаш понесени од својте емоции, исполнети со милиони позитивни чувства за да го погазиме целиот свет, страв...кај нас...НЕМА !!!
Дали случајност или не. пред повеќе од 2300 години, еден Александар го покори светот (реално) дали неговиот имењак ќе го покори повторно (виртуелно). - - -
http://www.youtube.com/watch?v=SxKscPYOOBY Останува да видиме....
http://www.youtube.com/watch?v=v1cbuMY9BuY - - - На крајот секогаш сме победници, запомнете го тоа !
За Македонија ! ! !