_Master_
Reporter
Karma: +12/-5
Offline
Posts: 31
Fighting for peace is like screwing for virginity
|
|
« Reply #1 on: June 29, 2013, 23:44:22 PM » |
|
Уште ситно останува...ситно !!!
Напорно а ? 24 брана, уште 2 у .... Ама ајде можете вие момци и девојки, до крај ќе издржите, некој се откажаа некој се надеваат на последниот воз, но по 25-от бран ќе видиме..
Искрени честитки до првите 6 натпреварувачи бидејќи тие се без пораз....и да УБАВО гледам, за мене се без пораз. За останатите исто, првите 6 веќе долго време ги знам и знам што се можат да направат за оваа наша си убава Македонија и до каде можат да ја однесат. Balkannomad и veda05 играат одлично до сега, претпоставувам дека се одлични играчи заедно со првите 6 можат да формираат фантастична 8-ка, која ќе ги донесе најголемите успеси на Македонија. Останатите 7 кандидати, хмм па рачунајте дека е дупла разликата во поените помеѓу 8 и 9-от. се надевам дека се ова само стратегии на дел од играчите после 9-та позиција, и дека најдоброто од нив допрва ќе стигне.
Останатите посакајте им среќа на 15-те величенствени, нека не направат горди, дека многу многу не не бива по спортски реални натрпеварувања, па барем виртуелно да направиме нешто.
А таму....таму таму на светското место има само за НАЈДОБРИТЕ !!! Да да најдобрите, а од Македонија ова се најдобрите. можеби фалат уште 2-3 играчи од врвна класа кој одлучија да не играат но тоа е тоа. Предводени од Conevski1 како лидер, и Ivo5 кој повторно е на самиот врв очекувам на ова Светско и цврсто верувам дека можеме да завршиме во ТОП 10, немаме 50 000 дијаманти, но имаме храброст и верба или на нашки кажано м*да за подобар пласман.
Некој од Вас веќе се познати по својте никови во сите светови од ИО, тие го направија своето име по нивната игра, на светсково може ќе им донесе некој привилегии а можеби и не, а останатите анонимуси верувајте нема да ви биде лесно...свет со брзина х10, напад 10 минути. ситна грешка и ќе ве има како лузери во битките на денот. Името се гради и прави на вакви натпреварувања, ако вие се посрамотите, ќе го посрамотите и целиот тим. Консултирајте се со лидерот и првиот офицер, координирајте се за подобра игра, тоа е единствениот начин како би си го подигнале сопственото ниво на игра и би им помогнале на останатите.
Исто така АПЕЛИРАМ во името на Македонскиот тим, кој ќе присуствува на следното светско првенство, да добие некаква помош од сите оние, кој посакуваат Македонија да успее на ова светско. Сите знаете дека оваа игра е комерцијална. Дел од нашите натпреварувачи имаат одлично искуство и знаат како да играат, но сепак потребна е помош. помош од виртуелни дијаманти. Некој играат со дијаманти некој не, ама светско без дијаманти не се игра. Се надевам ќе се најде некој, кој ќе донира во сојузната ризница одреден број на дијаманти и ќе им го олесни зацртаниот пат на самите натпреварувачи.
Во името на целиот Империја Онлајн репортерски тим, ви се заблагодарувам што Вие драги читатели бевте со нас изминатиов период, и се надевам така ќе остане и на самото првенсто.
Доста беше гњавење, ви посакувам убава и возбудлива вечер.
|