Почитувани воини и дами и господо !! Добар вечер......
По одличното и напорното интервју со Цоне, од Тенерифе, денес се наоѓам покрај Панчевско езеро во Софија, а покрај мене имам една дама која сакам да ви ја преставам, за многу од Вас познатиот CM од Македонија...........Ангела...........
Ангела ти благодарам што ја прифати понудата, да бидеш дел од ова интервју, кое сигурен сум дека ќе биде главна тема на муабет, помеѓу останатите воини. Ресторанов е прекрасен, се гледа дека Вие од ИО знаете како да живеете, и во каков луксуз уживате. и морам да напоменам дека изгледаш фантастично.
Angela: Здраво, благодарам за понудата, чест ми е да учествувам.
Она што ја интересира Македонската јавност е, која е Ангела ?
Angela: Ангела е македонски CM, дел од македонскиот тим во ИО кој одговара за поддршка и помош на играчите.
Од каде се најде Ангела во ИО ?
Angela: Со ИО се запознав доста одамна (пријателка ми ја препорача), играта ми се допадна на почеток, понатаму стануваше се позаразна и подобра... по некое време во генералниот штаб во Софија беше неопходен човек што ќе одговара за македонските играчи и решив да го прифатам предизвикот
-btw мило ми е што ти се допадна ресторанов, но имаме вип зона која специјално се користи од тимот, ајде сега да се преместиме таму, пијалоците веќе не чекаат за почеток, сигурна сум дека ќе ти се допадне глетката.
Во ред, нема проблем. На мене ќе ми преставува вистинско задоволство.
Уфффф во право си Ангела, глетката е фантастична, дефинитивно некоја фотографија ќе споделам и со нашите драги читатели
И дефинитивно направиле одличен избор при твоето назначување. До сега не сум слушнал некоја поплака во однос на твоето водење, моето мислење е дека одлично се справуваш со самиот предизвик во ИО на што се должи тоа, добиваш ли некаква помош од Македонските играчи ?
Angela: Се радувам ако ти мислиш така, се надевам секој играч да е задоволен и тоа сакаме и да го постигнеме. За тоа е виновен целиот македонски тим. Работиме заедно со македонски играчи кои доста разбираат од играта, постојано се тука да помогнат и секојдневно создаваме основи за лесна достапност на новите и постарите играчи за секаков вид на помош.
Што мислиш за ваквите натпреварувања како Светско Првенсто..ова е 2-ро од како си ти поставена за одговорна за Македонија, дали Македонските играчи ќе добијат некаква помош од тебе ?
Angela: Добро е да се случуваат вакви масовни натпреварувања бидејќи тука се собира целата јавност од ИО и секој играч има шанса да направи свое име и да се покаже на едно место. Македонските играчи ќе добијат секаква помош во однос на проблеми, прашањ и информација за натпреварот, ние заедно со тимот стоиме зад репрезентацијата, навиваме и ја поддржуваме
А вториот дел од ексклузивното интервју со CM од Македонија ќе го проследите за два дена......
До тогаш драги читатели останете со нас.
Со почит
_Master_