Како што најавив и вчера вечерта.... вториот дел од лидерот на Македонската репрезентација....
За разлика од репрезентативното учество, долги години газиш и палиш низ останатите светови, честитки за последниот свет во кој имаше учество, со твојот тим остваривте импресивни 23 војни и забележавте исто толку победи, без ниеден пораз редко кој играчи имаат постигнато таков успех, дали таквиот начин на игра од Indijanci, имаш во план да го префрлиш и во репрезентацијата ?
conevski1: Па бевме изреволтирани од еден друг свет каде што играме, и во тој момент некој мораше да плати. Се рестартираше тактичкиот свет влеговме сите таму и направивме тоа што направивме, не дознаа сите кој сме, што сме и зашто сме дојдени таму. За да го оствариш тоа треба да е екипата уиграна како што сме ние во Indijanci. За светското дали тоа ќе го пренесам па незнам, разговарав со играчите кој што ги познавам тие се согласуваат меѓутоа остануваат уште 10 играчи во националниот тим кој што незнаеме како играат и незнаме дали они ќе се согласат на таков стил на игра. Сепак најбитна е комуникацијата меѓусебна со сите членови, лидерот е само координатор не смее да биде и наредник.
Пред да ми одговориш на следното прашање. дали по крајот на интервјуто ќе може да ме запознаеш со плавана девојка, онаа со тиркизнана маица, ја пратам цело време се врти наваму ?
conevski1: Amanda come here to meet with my dear friend from Skopje. Еве ја доаѓа, пријателка ми е Аманда од Бразил е.
- Додека вие си правите муабет и се запознавате јас идам да се разладам малку у вода кај останатите пријателки......
.....по некој половина час
conevski1:Уффф, еве ме повторно. Си за уште еден коктел па да продолжиме со прашањата ?
Да, да дефинитивно !! Но овој пат ја частам.
conevski1: Не се грижи за плаќањето, тука сум редовен и нема да ти дозволат да платиш на моја сметка си само уживај.
Да продолжиме понатаму, за тимот што ќе го предводиш на самото првенство, какво е твоето мислење за останатите играчи ? Дали си задоволен од тимот што моментално го имаш на располагање ?
conevski1: Од останатите играчи за почеток сум задоволен, од некој повеќе од некој помалку. Некој како да осетиа дека ќе влезат во националниот тим и се предадоа, па нижат порази тоа само не ми се допаѓа меѓутоа да оставиме и да видиме како ќе се покажат на светското првенство.
Очекувањата, пласманот на нашиот тим, што може Македонската јавност да очекува од Вас ?
conevski1: Па очекувањата мои се реални. Единствено што се договоривме е да влеземе во топ 10 репрезентации и покрај тоа што немаме 50к дијаманти во сојузната ризница од претходното светско. Тоа е единствената наша цел, која искрено сакам и верувам дека ќе ја постигнеме. Јас и моите другари што моментално се на првите 5-6 позиции сме против старата народна поговорка ' битно е да се учествува ' малку можеби се преценуваме, меѓутоа само со такви високи критериму кон кој се стремиме можеме и да постигнеме нешто. Да битно е да се учествува, меѓутоа уште побитно е да се направи нешто повеќе и подобро од предходното. Тоа е нашата девиза.
Под кое мото ќе ја водиш твојата екипа ?
conevski1: Расцепи па владеј !
Ахахахахахахаха едно интимно прашање, вака меѓу девојкиве, се расфрлаш со парички и за виртуелни дијаманти, или само вакви од swarovski ?
conevski1: Па пази ја сум повеќе за нешто опипливо, нешто реално. Меѓутоа и сам знаеш дека дијамантите се и повеќе од потребни за светското. Ќе потрошам и тамо некој дијамант меѓутоа не превише, ти кажав повеќе сум за опипливи реални работи.
Ја сум за уште еден Alexander ? А ти ?
За оние кој не знаеа, Alexander е коктел, името го добива по најголемиот војсководец, за нас Македонците Александар Македонски, се надевам на светсково ти како носител на неговото име ќе ги повториш и неговите успеси.
conevski1: Може може, на плажа на шанк тоа и се прави само а после неколку коктела и цел свет ќе биде наш.
Нешто да споделиш со останатите играчи ? Совет некаков ?
conevski1: Па совет генерално за оние што почнуваат да играат, активност и само активност. Доколку нешто не знаат нека прашаат слободно внатре во сојузот, прашај играч опцијата или на МК форум. Секогаш ќе се најде некој кој ќе одговори, сепак сите сме почнале од почетокот и сме прашувале, доколку почнуваш и мислиш дека се знаеш во тој случај брзо ќе се откажеш од играта. А за светското што следи ќе се советуваме и комуницираме откако ќе знаеме кој ќе игра, али и тамо е активноста најбитна. И да не заборавам симулирајте ги битките пред да ги испратите, и следете го противникот барем еден ден да знаете како он игра што има од војска итн. Поздрав и се гледаме за недела дена на светското првенство.
Се извинувам драги читатели, поради не можноста да го доведам самото интервју до крај, ама покрај такви девојки тешко кој би можел и да го започне, а Цоне колку и да сакаше да ми помогне тие не го оставаа, а мене авионот за неполни два часа ми полетува за Софија.
Цоне тебе те оставам во добро друштво. да се одмориш до самиот почеток на светсково, разбрав дека и твојте пријателчиња од првите позиции ќе те посетат викендов, берете памет и требате свежи на Македонија. Не претерувајте со алкохол и со уште една друга работа.
И да ве запознаам со предводникот на Македонија, се надевам дека ќе биде толку успешен и со самата селекција - - -
http://prntscr.com/1bw0yuПочитувани тоа беше се од мене, ВИЕ останете со репортерскиот тим, на ред е една дама и најголемиот фан на Македонската селекција.