Почитувани, добра вечер.
Еве ме мене повторно по 2 дена пауза па доколку некој и од вас имал "оправдани" причини да одсуствува од текот на квалификациите еве што сте пропуштиле...
Номадите почнаа да напаѓаат со елитна војска па очекувано и бројот на нивните победи односно односот на порази победи во напад се зголеми во полза на истите.
Овој пат повторно caxo доаѓа .... три напади опсада на тврдина се надевам дека играчите ќе успеат да се одбранат.
Основниот напад на caxo се состои од 7 000 тешки копјеносци, 10 000 тешки мечувалци, 6 000 тешки стрелци, 3 500 елитни стрелци, 3 500 катафракти, 140 тарана, 90 катапулти, 100 требучети и 80 балисти. и овој пат сигурен сум дека првите 10-мина ќе пројдат без некои поголеми потешкотии додека останатите од 20-то до 10-то место ќе треба добро да се намачат и се надевам дека ќе успеат да извојуваат барем по две победи. Ранг листата без некои поголеми промени и моментално изгледа вака
http://prntscr.com/1bx0j7 и можете да забележите дека горе долу играчите кои ќе не претставуваат на светското првенство успеаа да се издвојат од останатите "благодарение" на номадските напади, познавањето на самата игра и понекој дијамант. Остануваат уште неколку напади до крајот, а во игра би рекол остануваат само последните три места за кои ќе треба да се изборат Roguzo, Bla4KRa1n, ZLaTe_MK, vBorce, LS7LFC, X00X, dekio1979 и евентуално bojan189.
Толку од мене, пријатна вечер.
b_mad