Imperia Online International
April 26, 2024, 03:02:30 AM *
Welcome, Guest. Please login or register.
Did you miss your activation email?

Login with username, password and session length
 
   Home   Help Search Login Register  
Pages: [1]   Go Down
  Print  
Author Topic: Бран 19  (Read 2075 times)
0 Members and 1 Guest are viewing this topic.
Angela
Community Manager
*

Karma: +256/-18
Offline Offline

Posts: 3658


« on: June 24, 2013, 08:27:12 AM »

elektroto
Logged


Angela
Macedonian Community Manager


Facebook Fan Page
trenat
Reporter
*

Karma: +6/-5
Offline Offline

Posts: 40


« Reply #1 on: June 24, 2013, 09:57:52 AM »

Добро утро воини!
Помина и 18от бран и однесе неколку победи меѓу нашите недопирливи топ10!!!
Veda05 нанижа 2 пораза и balkannomad 1 пораз.Сега уште 8мина ја немаат доживеано горчината на поразот!
Дали ќе остане така и после нападот кој го води Електрото накај мене и тоа со
13720 копјефрлачи
13720 тешки копјефрлачи
19600 тешки стрелци
6860 катафракти стрелци(ЗА ПРВПАТ)
157 балисти
Извадил елита струјаџијата и опасно се заканува на селаните повторно.
Ќе се најде ли соодветен изолатор за струјата која доаѓа?Дали уште некој од топ10 свесно ќе пропушти некој напад и нема да ја заштити својата популација?Останете на оваа фреквенција и ќе видите за 22часа и 48 минути.

Тренат
Logged
_Master_
Reporter
*

Karma: +12/-5
Offline Offline

Posts: 31


Fighting for peace is like screwing for virginity


« Reply #2 on: June 24, 2013, 10:23:01 AM »

Како што напоменав пред некој половина час во прилог ви го доставувам интервјуто со Ivo5, прочитајте што има да сподели со вас драги читатели.


Драго ми е што повторно се гледаме во еден вака преубав амбиент, ви посакувам топло добро дојде. Од нигде никаде и повторно се активиравте за квалификациите на самото првенство, искрено не ве очекував да ве видам во овие квалификации, дека не ве забележав во премиерната Лига на Шампиони.

Ivo5: Како прво би сакал да ти се заблагодарам за поканата на ова интервју. Голема чест ми претставува да бидам интервјуиран од официјален репортер на Империја Онлајн Репортерската агенција. Да, точно е дека не учествував во Лигата на Шампиони. Тој период се играше завршницата на r. 53  и борбата за дворци ми одзема многу од времето кое го имав се помалку во тој период. Поради пропуштената Лига на Шампиони, решив да се натпреварувам оваа година на Светското Првенство и да се обидам во составувањето на една комплетна македонска Империја Онлајн екипа.

На самиот почеток кажете ми, од каде ја добивте оваа желба за најмасовната стратешка игра ? Колку време веќе ја играте и како ги стекнавте вашите никови ?

Ivo5: Па желбата за стратегија ја имам многу одамана. Таа датира од сега веке ,,антологиските,, civilisation и red alert. Тоа се можам да кажам моите први чекори во љубовта кон стратегиските компјутерски игри. Со тек на времето се појави и Империја Онлајн играта, која до сега ми го има задржано вниманието најдолго од сите игри кои досега поминале одреден период на мојот компјутер. Ник-от не е нешто посебно. Како што се гледа, тој е дел, т.е скратеница од моето име.

Вашите најголеми успеси, и најголеми разочарувања се ?

Ivo5: Во ваква стратегиска игра, мислам дека успесите и разочарувањата ги има многу и се составен дел од циркусот кој секој ден станува се поинтересен. Тоа се должи на динамиката на самата игра. Критериумот за успех и разочарување во оваа игра е многу осетлив и границата помеѓу овие два дијаметрално различни моменти е многу мала. Затоа не можам да одвојам неколку, затоа што ги има многу. И доклку ја играте и сакате оваа игра, тогаш тие се одлика на вашето ИО секојдневие.

Извесен период ве снема, без права игра, каде изчезнавте ?

Ivo5: Да, тоа е точно. Краток период бев отсутен и многу не се дружев со Империјаните и Номадите. Причина за тоа беше уште едно мое хоби кое во тој момент му требаше дел од моето време, а и мене ми требаше мал одмор после напорната битка во светот бр. 53 кој во тој момент беше свет со најголема конкуренција и голема борбена активност помеѓу сојузите.

Што очекувате од престојново првенство ? За вас двајца веќе со сигурност можеме да кажеме дека ќе бидете дел од него.

Ivo5: Интересно прашање. Па... Очекувам фер и достојна борба помеѓу државите учесници, а исто така, она што е најинтерсно, очекувам рушење на постоечките рекорди од играчи поединци. Кога кажувам рекорди, мислам на: најголем број на војска, највисоко ниво на шпијунажа или контра-шпијунажа и слично. Се надевам дека тие работи ќе ги има што повеќе, бидејќи се интересни за гледање.

Со дел од играчите кој се на самиот врв играте заедно, дали ги познавате останатите играчи и каква е вашата моментална комуникација со нив ?

Ivo5: Да, со el_moro, back1, trenaT, conevski1 i Devils_May_Cry,  играм од самите мои почетоци во оваа стратегија. Другите играчи не ги познавам со исклучок на уште неколку од нив, најмногу уште 3-4 играчи со кои сум се срекавал во македонски алијанси во различни светови. А комуникацијата помеѓу нас започна пред некој ден и секој нареден се одвива се подобро и подобро. Така да мислам дека до почетокот на светското првенство, таа ке биде перфектна.

Дали се ова најдобрите играчи од Македонија, кој се во борба за првите 15-ет места ?

Ivo5: На ова прашање ќе одговорам со едно големо и апсолутно ДА, ова е најдоброто од Македонија и затоа натпреварот се вика Светско Првенство во Империја Онлајн, а на него учествуваат и има место само за најдобрите.

Каков пласман можеме да очекуваме од Вас, т.е. дали типувате на кое место би можела Македонија да заврши на престојново првенство ?

Ivo5: Успехот на Македонија не зависи од поединец или само од неколку луѓе кои ќе ја претставуваат нашата држава. Успехот може да се достигне само со колективен напор. Сепак ова е тимска игра во која поединецот мора да се усогласи со останатите членови на неговата алијанса како би се достигнала заедничката цел. Затоа не би брзал со типување затоа што е се уште рано според мене. За тоа, малце покасно, во раните почетоци на Светското Првенство.

Едно интимно прашање до Вас, се надевам нема да ви пречи. Дали играте со дијаманти ?

Ivo5: Да играм со дијаманти, затоа што мислам дека тоа е единствениот пат, единствениот начин со кој можеш да бидеш близу нивото на твоите противници и со малце повеќе знаење од нив и малце подобра стратегија, излезеш како победник во борбата.

Совет некаков за останатите љубители на самата игра, како да се биде меѓу најдоброто од Македонија ?

Ivo5: Совет.... Хмммм.... Ај нека биде вака: За да ја играте оваа игра и бидете успешни во неа, треба вистински да ја сакате! Ако тоа навистина го чуствувате, тогаш препуштете се на сите калкулации, војни стратегии и методи што овој циркус ви ги нуди. А додека сте во него, стално користете ги неколкуте копчиња кои се наоѓаат доле во десниот агол на вашиот екран: книгата, форумот и прашај играч... Преку нив ќе добиете вистински пријател кој ќе ви го отвори магичниот свет на Империја Онлајн.

Ви благодарам на преубавата дружба и на одличното интервју. Се надевам дека нема да завршите во ТОП 10, него ќе бидете на самиот пиедестал, со некоја медаља околу вашиот врат.
Logged

Tips to reduce weight: First turn your head to the right, and then turn it to the left. Repeat the exercise every time you are offered something to eat *PUNISH*
Seducer-
Reporter
*

Karma: +10/-14
Offline Offline

Posts: 107


« Reply #3 on: June 24, 2013, 11:43:20 AM »

Добар ден драги читатели

Вчерашната бура над нашите играчи наречена flinstoun го постигна она што никој пред него не успеа да го направи, veda05 има два порази во одбрана, а Roguzo и balkannomad по еден пораз, дали полека почнува да се уништува непобедливата дестка на оваа квалификациона група. Дали тоа е крајот за овие борци, тоа останува допрва да видиме.
Денешниот ветер ни го носи elektroto пред портите, кој успеал да ги истражи и елитните коњаници. Воден од неговата жед за одмазда, тој јуриша кон провинциите на нашите борци. Неговите грабежи се со цел да ја уништат душата на секоја империја. Не смееме да го занемариме фактот дека Катафракт стрелците се огромно појачување за номадските командири, и овој пат нашите борци стварно имаат тешка цел.
Каква стратегија ке изберат? Дали ке се борат денес, или ке одлучат да не се бранат и да го остават elektroto  да ги запали нивните провинции, ке прокоментираме во наредната наша средба.
До тогаш ке навиваме за нашите борци и ке ги бодриме се до крајот!!!  *bravo* *bravo* *bravo* *bravo*

До следната наша средба

 *rose*Вашиот драг Seducer- *rose*
Logged
Zverce
Trusted Member
*

Karma: +16/-3
Offline Offline

Posts: 46


« Reply #4 on: June 24, 2013, 13:31:51 PM »

Почитувани читатели добар ден!

Овој пат се јавувам со намера да Ви презентирам
една успешна одбрана од вчерашниот напад на flinstoun.
Како што кажав погоре, вчерашниот напад на flinstoun беше опсада
на тврдина. Некои од нашите квалификанти се бранеа на поле, а
некои кои имаат поголемо ниво на тврдина и добри воени истражувања
ја бранеа својата тврдина со стрелци и балисти. Во продолжение, следува
начинот и параметрите со кои што тие ја направија оваа успешна одбрана:
Параметри:
- Тврдина: ниво 7
- Утврдување: ниво 10
- Војна архитектура: ниво 11
- Кули: ниво 12
- Ровови: ниво 11

Војска:
- Балисти: 48
- Елитни стрелци: 6720

Тактика: Јаки крила
Терен: Неутрален, Главна провинција

Резултат: ПОБЕДА со мали загуби на војска - ресурси

http://prntscr.com/1bn7lf

Со надеж за уште вакви одбрани на нашите квалификанти,

zverce
Logged
cukcukovski
Reporter
*

Karma: +3/-3
Offline Offline

Posts: 13


« Reply #5 on: June 24, 2013, 20:04:30 PM »

   Поздрав
вчерасниот бран ги понесе и првите порази на свечената десетка , а номадската хорда истовремено ги засили своите напади
денесниот напад е грабеж во три провинции , и за прв пат во нападот се срекаваат од елитната единаца катафракти стрелци
elektroto доага по насите работници а сансите за 100% одбрана се помали од бран во бран
денесниот бран е 19 и моменталната полозба на играците кои се блиску до светското првенство изгледа вака:
1   200%   conevski1
2   199%   Ivo5
3   198%   back1
4   197%   El_Moro
5   196%   trenaT
6   195%   veda05
7   194%   Seducer-
8   193%   mkdmiki
9   192%   balkannomad
10  191%   Roguzo
додека неизвесноста се префрла за борбата за 15та позиција која води дирекно во на светското првенство
 голема благодарност до conevski1 , Ivo5 , back1 , El_Moro , trenaT и boko96 за секоја минута друзенје на играва со мене
 Искрено ваш
           Devils_may_cry
Logged
Pages: [1]   Go Up
  Print  
 
Jump to:  

Powered by MySQL Powered by PHP Powered by SMF 1.1.12 | SMF © 2006-2009, Simple Machines LLC Valid XHTML 1.0! Valid CSS!