Здраво драги читатели.
Во претходниот бран фаталната девојка Iva_Nina постигна огромен број на победи на глобално ниво, но уште еднаш не успеа да ги скрши нашите топ 10 те на ранк листата. Момците заедно со девојката со челично срце им одолејаа и на овај предизвик, нивните резултати се без прекорни а нивниот морал после оваа победа на уште повисоко ниво. За нив само небото е лимит, и што и да пратат номадите ке биди претворено во пепел и прав!
Нов бран, но со стариот добар неприател io_the_stealth. Се сеќавате на него, момчето со 1000 копјефрлачи.
Точно така, само што овај пат иди со огромна тешка војска, и доаѓа директно на вашите тврдини за да ги присвои вашите ресурси.
Просто како грав, денес само еден ќе биде победник или вие или io_the_stealth. Третата опција, да одите двајцата во блиската кафана да се опијаните моментално е исклучена!
Затоа изберете ја најдобрата тактика, спремете ја насилната војска и бранете ги до крај вашите тврдини. Немајте милост за него, бидеќи и тој нема да има за вас.
Знаете дека обожавам да пишувам мотивирачки цитати со секоја статија, па еве го цитатот на денот од мене.
Danger is real, but fear is a choice!
До следната наша средба
Вашиот најдраг Seducer-