Здраво Македонци!
Како што мислев првите 10мина ги одбија нападите на робуста,но за другите тоа не можам да го речам.Некои претрпеа по еден пораз,
но повеќето како да беа некаде на плажа.Можеше и подобро да се одигра овој бран но што е тука се вртиме кон новиот,уште потежок.
Доаѓа Commoner и тоа со комплетна тешка војска(прв пат тешка коњица) засилена со коњаници стрелци.
Е сега да ве видам јунаци.Ќе дозволите ли невините селани да страдаат или цврсто ќе застанете и ќе ги одбраните?
Доколку не успеете бидете сигурни дека ќе ве зафати рецесија.Ќе треба после под итно да се оди во банка.
Ако некој мисли дека прибежиштата ќе ја спасат популацијата,тоа ќе е минимално.Подобро ресурсите трошете ги на војска која ќе ве одбрани.
На табелата ништо ново,ситуација иста веќе неколку дена,жива монотонија
.
Ајде момци од долниот дел на табелата!!!Уште ништо не е изгубено има уште многу напади и денови пред нас.Стиснете заби и не се предавајте!
Само храбро и не се откажувајте.Дочекајте го крајот и ќе видите до каде сте со знаењето за оваа игра но и со упорноста,особина која ги краси храбрите и мудрите.
Тренат