Добар ден почитувани .
Тешко утро за нашите играчи, elektroto беше далеку од успешен во своите напади, 25975 победи и 2 136 порази во напад, меѓутоа ако се погледне бројот на изгубени и уништени непријателски војници (
http://prntscr.com/19xumq )може да се забележи дека и не поминал така добро славниот elektroto што од друга страна ни ја открива тактиката на поголемиот број играчи кои решиле да бранат само еден напад. Иако бројките се во полза на elektroto сепак би се рекло дека тој всушност е поразениот во сабајлешната битка.
Caxo изгледа добро ја научил лекцијата и овој пат доаѓа со засилена војска и напаѓа по 2 провинции на играчите. За разлика од првиот напад кога играчите ги напаѓаше со "смешна" војска (3500 копјефрлачи и 500 стрелци), сега ги поведе и своите коњаници и добар дел на тешка војска. Нејзиниот состав е следниот :
- 5 000 копјефрлачи
- 3 500 тешки копјеносци
- 3 000 тешки стрелци
- 1 500 коњаници стрелци.
Претпоставувам дека многу играчи, освен првите 10 на ранг листата, повторно ќе се решат да бранат само еден напад. Драги мои, каде што има сила нема правдина, сигурен сум дека ќе има со стотици милиони погубено население. Во текот на утрешниот ден со извештај како пројдоа играчите против немилосрдниот caxo.
b_mad