_Master_
Reporter
Karma: +12/-5
Offline
Posts: 31
Fighting for peace is like screwing for virginity
|
|
« Reply #4 on: June 10, 2013, 20:51:49 PM » |
|
Почитувани дами и господо, почитувани воини - добро вечер....
На сите веќе ви е позната статистиката од последниот бран. yovanna забележа 21 105 победи, во црно зави исто толку императори, а 2 318 успеа во својата одбрана. Со самото губење на населението, империите губат значителен дел од своето производство, губат по еден левел од својте градби, а оние кој не искалкулирале добро изгубиле и добар дел од својата војска.
Во посета на самите императори им оди преубавата војводка Iva_Nina, затоа покажете се како добри домаќини, и добро пречекајте ја. Војската што ја предводи не е нешто значително појака од последниот бран, оние кој вчера се одбранија, овој напад од Iva_Nina не би требало да им преставува опасност, дека само со добиениот воен приход ако е вложен истиот на обнова на армијата Iva_Nina ќе ја напушти вашата империја со наведната глава, и можеби плус со некое влажно марамче доколку бидете љубезни и дадете. Немојте да заборавите дека нејзиниот напад во овој бран не се одвива на главната провинција, него на споредните, совет час-два порано преместете си ја војската да не направите грешка за која ќе се каете.
Би сакал исто така да направам и кратка анализа за моменталната ранг листа на самите играчи кој се во ТОП 15, за оние за кој сум наслушнал и сретнал во одредени светови.
- Прво би сакал да напоменам, дека по 5-ет брана, покрај тоа што има 788 играчи од Македонија пријавено, во самите квалификации се наоѓаат според мене и најдоброто што нашата земја може да го понуди на ИО, да почнам од човекот кој веќе 4-ри дена е прв на ранг листата, Conevski1 лик кој веќе долги години е во самата игра, и според мене можеби еден од најдобрите играчи од Македонија, неговата позиција е тотално заслужена и мислам дека треба да биде подржан од преостанатите 14 играчи ако тој биде лидер, т.е. да ја има максималната подршка од секој играч. На втората позиција се наоѓа back1 една предобра Македонка, девојка која за помалку од две години има повеќе од 10 златни медали, и уште 50-на воени значки, девојка која никогаш не би го оставила својот тим на цедило и се би дала за фер и коректна игра. Исто како conevski1, 4-ти ден по ред на третата позиција е Ivo5, доколку ве држи сеќавањето тој беше најдобриот играч на Македонија, на последното светско првенство, и сигурен сум дека ќе биде еден од предводниците на овој тим на самото престојно првенство. Исто така ме радува фактот што го гледам и мојот колега репортер b_mad како се приближува кон самиот врв, веќе во самите 15, и сигурен пласман на самото првенство. Да не заборавам да поздравам уште неколку фантастични играчи кој се дел од ТОП 15, како trenat, El_Moro, balkannomad, seducer сигурен сум дека со вакви играчи Македонија може да биде дел од ТОП 10.
Тоа е се од мене за вечерва, со следно јавување во текот на наредниот ден, до тогаш Вие драги читатели останете на истата фреквенција со репортерскиот тим на Империја Онлајн.
Срдечен поздрав
_Master_
|