Почитувани дами и господо, почитувани воини - добро вечер
Пред неколку часа заврши првиот бран на напади, io_the_stealth не беше на висина на задачата, и ги разочара администраторите. Веднаш по неговиот напад следи нов бран на напади, овој пат тоа е Asgarda, со 1500 копјефрлачи и 500 мечувалци, администраторот се надева дека овој напад може да биде поуспешен од предходниот. Верувам во квалитетите на македонските играчи дека и оваа инвазија ќе биде поразителна за Asgarda.
Како што напоменав вчера, ранг листата по секоја измината минута добива нова измена. На самиот врв нема ниеден играч од предходниот ден. Моменталната состојба на првите три позиции е следна:
1. conevski1 1047
2. Ivo5 992
3. back1 962
Со најнови информации од самите квалификации во текот на наредниот ден, до тогаш останете со нас.
Имајте пријатна вечер, со почит
_Master_