Почитувани дами и господа, почитувани воини - добар ден
Полека одминуваат првите 26 часа од првиот бран на напади. Сите играчи пред себе го имаат својот прв тест, администраторот за првиот бран во напад го испраќа io_the_stealth. Како што веќе и самите знаете за сите играчи првите три брана ќе бидат рамномерни. io_the_stealth напаѓа со 1000 лесни копјеносци, напад кој не би требало да представува преголема опасност за самите играчи.
Ранг листата на првите 5 играчи изгледа вака:
1. davorce123
2. VANS55
3. Jakovceski
4. martin771
5. smarterko
Оваа ранг листа е направена во моментот кога администраторот го испрати својот прв напад, со секоја помината секунда, минута, час, ранг листата се менува, по завршувањето на првиот напад во текот на наредниот ден очекувам да има некој позначајни измени, но за тоа останува да видиме по нападот на io_the_stealth.
Со најнови информации од самите квалификации за Светското Првенство 2013 за Вас се грижи репортерскиот тим на Империја Онлајн.
Со почит
_Master_