1. Забрането е пријавување играчи со отворање нова тема во форумот. За пријавување исклучиво користете
support_mk@imperialsupport.org. Темите кои се однесуваат на пријавување играчи ќе бидат избришани без претходно предупредување.
2. Кога пријавувате играч морате да го посочите и своето корисничко име. За пријавување на горенаведениот е-маил, користете го е-маилот со кој што сте се регистрирале на ИО. Анонимните пријави ќе бидат игнорирани.
3. Не можете да пријавите повеќе од 5 играча истовремено. Играч кој претходно бил пријавен, но не биле пронајдени причини за негова казна, не може да биде пријавуван во наредните 2 седмици.
4. При пријавување на играч обезбедете ја полната информација што ја имате за него. Ако сакате да пријавите некој, логично е дека сте го набљудувале и можете да посочите одредени аспекти од неговата игра кои може да ги сметате за измама. Пријави со содржина од една линија како 'Ве молиме проверете ги играчи А и Б, бидејќи се сомнителни' или 'проверете ги А и Б за мултипрофили', како и пријави без добра основа, ќе бидат игнорирани.
5. Забрането е да го злоупотребувате одговорот добиен од ИО тимот. Фактот дека некој е казнет поради вашата пријава не Ви дава право да се фалите со тоа. Такво однесување ќе биде наградено со казна во играта.