Imperia Online International

Other Forums => Новости => Topic started by: Angela on June 10, 2016, 15:03:57 PM



Title: Промена, поврзана со населението
Post by: Angela on June 10, 2016, 15:03:57 PM
Ваши Височества.

- При расформирање на војска, населението потребно за регрутирање, нема да се враќа назад.
- Ќе има можност да се испраќа до 25 000 население, наместо 1 000, при припојување на терен.



Империја Онлајн е игра што се базира на воена тактика и управување на ресурси. Секој еден ресурс во играта е важен за развојот на империјата. Од доста време, населението коешто исто така е доста важен ресурс, не е во состојбата во којашто би сакале да биде - неговиот ефект како ресурс е доста намален, бидејќи здобивањето со него веќе е премногу лесно.
Основната причина за ова е расформирањето на војски со цел да се добие население - дејство што ја видоизменува економијата на играта на негативен начин. Поради оваа причина решивме да ја преземеме оваа мерка, којашто иако може да им изгледа драстична на голем дел од играчите, неопходна е за балансирањето на играта. Од своја страна, обезбедувањето на повеќе население при припојување на нов терен ќе доведе до доста побрз развој на новозаземените провинции.

Промената ќе влезе во сила во 2 етапи:

Етапа 1 - световите коишто ќе се рестартираат помеѓу 23.06 и 05.07 ќе ја започнат новата ера со новото правило
Етапа 2 - на 05.07 промената влегува во сила во сите преостанати светови, независно во која етапа на развојот на ерата се наоѓаат