Imperia Online International

Other Forums => Новости => Topic started by: Angela on June 10, 2015, 17:39:18 PM



Title: Седмичен настан
Post by: Angela on June 10, 2015, 17:39:18 PM
Пуштена е нова функција во форма на седмичен настан - битка со Мрачната тврдина. Таа се појавува за 24 часа на одредено место на мапата и сите играчи можат да ја напаѓаат. Битката со неа е врз основа на нормалната опсада на тврдина, со исклучок на тоа што играчите нема да губат никакви војници во неа и нема да има никакво ограничување во однос на бројот единици што можат да ја нападнат тврдината. Патувањето до Мрачната тврдина е фиксно - по 1 час и во двете насоки за светови со брзина x2/ 30 минути за светови со брзина x4/ 12 минути за мега блиц свет, со тоа што има можност за моментално пристигнување за 30 дијаманта. Откако ќе истечат 24-те часа, се формира рангирање според нанесените штети. Рангираните на првите 100 места добиваат дополнителни награди. Специјална награда му се доделува на играчот што ќе го нанесе финалниот удар на тврдината, само во случај да биде разрушена. Награди во форма на злато за сојузната ризница им се даваат и на сојузите, рангирани на првите 20 места, според нанесените штети од нивните членови.

(http://i.imgur.com/DmwpQPi.png)