Imperia Online International

Other Forums => Новости => Topic started by: Angela on January 23, 2014, 13:55:28 PM



Title: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on January 23, 2014, 13:55:28 PM
- Местата на мечувалците и копјеносците во касарните за пешадија се разместени - мечувалците се на прво, а копјеносците на второ место.

- Поради поголемиот број припоени провинции, дозволени од максималното ниво на Централизација, направена е промена во максималното ниво на истражувањето Бирократија - максималното ниво при кое сите 21 провинции ќе работат со 100% ефикасност веќе е 40. Ова зголемување подразбира и промена во цената на неговите нивоа.

- Освен преку притискање на копчињата од тастатурата за пристап до градби во играта, брзите копчиња веќе можете да ги користите и преку клик со глувчето на нив во истоименото мени.


Title: Re: Промени во правилата на игра
Post by: Angela on February 21, 2014, 09:46:31 AM
  • Промени поврзани со Централизација: За прво ниво Централизација ќе биде потребно прво ниво Транспортна станица. Соодветно, прво ниво Транспортна станица повеќе нема да биде потребно за прво ниво Централизација.
  • Нивоата на пилана, рудник за железо, каменолом и куќи, коишто се достапни по основањето на колонијата, припојувањето на терен и припојувањето на независен град се изменети.
  • Направени се подобрувања на Глобалната мапа - постојат нови икони кои се видливи после клик на објект на глобалната мапа.

Промени поврзани со Големите Луѓе:
  • Секој голем човек кој е назначен за гувернер или генерал ќе добива искуство два пати побрзо.
  • Шансата обичен поданик да стане Голем човек ако се прослави во општеството или да стане Голем човек преку победа во битка против активен играч во опсег на нето економкси поени x2 веќе е поголема.
  • Големите Луѓе ќе стареат побрзо, бебињата ќе се раѓаат почесто.
  • Шансата за смрт откако големиот човек ќе наполни 50 години, сега е помала.


Title: Re: Промени во правилата на игра
Post by: Angela on March 07, 2014, 17:12:48 PM
Промени и поправка на проблеми поврзани со калкулаторот за битки:

Тимот на Империја Онлајн Ве известува за претстојните промени и отстранување на проблеми поврзани со калкулаторот за битки, кои ќе бидат воведени во играта следната седмица. Точниот датум ќе биде најавен во дополнителни новости.

Промени:
1. Кулите ќе стрелаат по непријателските единици по следниот распоред: 1-ва линија, 3-та линија, 2-ра линија. Досега стрелаа по распоред: 3-та линија, 1-ва линија, 2-ра линија.
2. Нема да биде потребна придружна војска за опсадните машини испратени во напад.
3. Во битка на поле и во опсада на тврдина, Балистите ќе стрелаат прво по последната линија на далекострелните опсадни машини и дури потоа ќе им нанесуваат штети и на преостанатите единици од противничката војска.

Поправки на проблеми:
1. Бројот население, потребен за регрутирање на една опсадна машина веќе ќе се пресметува правилно, тоа значи дека:
- При пресметување на силата на нападот на опсадните машини, која е распределена на сите непријателски единици, секоја непријателска опсадна машина ќе се брои не како 1 единици, а како бројот на населението потребно за нејзиното регрутирање;
- Максималниот број тарани кои стрелаат по тврдината, веќе ќе биде еднаков на основниот гарнизон на нивото на нападнатата тврдина х3 / 35 (досега се делеше со 25), бидејќи 35 е бројот население, потребно за регрутирање на 1 таран;
- Местото, кое го зазема една опсадна машина во гарнизонот (со исклучок на товарните колички), веќе ќе биде еднакво на бројот население, потребно за нејзиното регрутирање (досега беше еднакво на бројот население поделен со 5);
2. Ќе биде отстранет проблемот при кој параметрите на опсадните машини неправилно беа под влијание на ефектите од истражувања, специјални ресурси и вештини на генерали кои им даваат бонуси единствено на параметрите на стрелци, пешадија и коњаница.


Title: Промени и поправки поврзани со калкулаторот за битки. Други промени
Post by: Angela on March 17, 2014, 12:30:35 PM
Промени и поправки во калкулаторот за битки:

Промени:
1. Кулите ќе стрелаат по непријателските единици по следниот распоред: 1-ва линија, 3-та линија, 2-ра линија. Досега стрелаа по распоред: 3-та линија, 1-ва линија, 2-ра линија.
2. Нема да биде потребна придружна војска за опсадните машини испратени во напад.
3. Во битка на поле и во опсада на тврдина, Балистите ќе стрелаат прво по последната линија на далекострелните опсадни машини и дури потоа ќе им нанесуваат штети и на преостанатите единици од противничката војска.

Поправки на проблеми:
1. Бројот население, потребен за регрутирање на една опсадна машина веќе ќе се пресметува правилно, тоа значи дека:
- При пресметување на силата на нападот на опсадните машини, која е распределена на сите непријателски единици, секоја непријателска опсадна машина ќе се брои не како 1 единици, а како бројот на населението потребно за нејзиното регрутирање;
- Максималниот број тарани кои стрелаат по тврдината, веќе ќе биде еднаков на основниот гарнизон на нивото на нападнатата тврдина х3 / 35 (досега се делеше со 25), бидејќи 35 е бројот население, потребно за регрутирање на 1 таран;
- Местото, кое го зазема една опсадна машина во гарнизонот (со исклучок на товарните колички), веќе ќе биде еднакво на бројот население, потребно за нејзиното регрутирање (досега беше еднакво на бројот население поделен со 5);
2. Ќе биде отстранет проблемот при кој параметрите на опсадните машини неправилно беа под влијание на ефектите од истражувања, специјални ресурси и вештини на генерали кои им даваат бонуси единствено на параметрите на стрелци, пешадија и коњаница.

Денес ќе бидат воведени и следните промени:

1. Ќе постои опција за бесплатна моментална обука на максимум 5 000 воени единици. Пример: ако во моментот имате вкупно 2 000 обучени воени единици, ќе имате опција бесплатно моментално да обучите уште мајмногу 3 000 воени единици, т.е. вкупната сума на обучени воени единици за империјата да не надминала 5 000.
2. Секој голем човек ќе има помала шанса да поседува талент со поголем ефект на соодветната вештина и поголема шанса да поседува талент со помал ефект на соодветната вештина.
3. Ќе имате можност за детален преглед по рунди на извештајот од битка како и извештаите од битка на поле и опсада на тврдина.
4. Додадена е историја на шпионирање за последните 7 дена во подмени Шпионирање во Командниот центар.


Title: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on March 20, 2014, 17:20:01 PM
Поправка на проблеми:

- Отстранет е визуелен проблем во мени "Анкети"


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on March 25, 2014, 14:02:54 PM
Поправка на проблеми:

- Во профилот на Голем човек кој истовремено е назначен за Генерал и Гувернер веќе ќе се покажува правилна информација
- Повеќе не е возможно да исчезне Советникот и Империјалните мисии во свет 194 после неговиот рестарт
- Поправени се проблеми во функцијата 'Пријави играч'
- Отстранет е проблемот кој во некои случаи се покажуваше при испраќање на Голем човек за брак во друга империја


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on March 27, 2014, 14:29:46 PM
Поправка на проблеми:

- поправена е порака поврзана со можноста играчите од Фејсбук да го сменат нивното службено име
- поправен проблем во случај кога е испратена мисија за Напад/Вазализирање и избраниот независен град е припоен од друг играч пред крајот на мисијата


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on March 27, 2014, 16:48:04 PM
Подобрување:

- воведено е експериментално решение со кое не е потребен Flash за вчитување на Глобалната мапа; возможно е да се појават проблеми со нормалното функционирање на мапата


Поправка на проблеми:

- поправен е редок проблем во кој часовникот за изградба на Тврдина може да замрзне
- поправена е погрешна порака покажана после откажување на Транспорна мисија


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on March 28, 2014, 16:24:02 PM
Поправка на проблеми:

- поправен е проблем кој би можел да пречи при најава во играта ако играчот последно излегол од играта на конкретен чекор од советникот
- поправен е тултипот за Време по сервер
- додадена е појасна порака при ослободување на работници


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on March 28, 2014, 17:10:17 PM
Поправка на проблеми:

- отстранета е можноста играчот да плати два пати за Моментална обука на едни исти единици
- поправени се тултипи во опцијата за плаќање преку Skrill


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on April 01, 2014, 11:14:06 AM
Поправка на проблеми:

- отстранета е непотребна икона за Капацитет на носивост од Симулаторот за битки


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on April 01, 2014, 14:41:02 PM
Поправка на проблеми:

- поправена е грешка во воените калкулации, поврзана со употребата на опсадни машини
- поправена е неправилна состојба на иконата за "Империјални мисии", кога нема достапни исполнети мисии


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on April 02, 2014, 11:23:38 AM
Поправка на проблеми:

- визуелни поправки на Почетната страница за неколку јазици
- 2-часовното производство за "Покани пријател" веќе се пресметува правилно
- поправка во поднесување неправилна имформација во Извештајот за битки кога напаѓачот бил победен уште во Битката на поле


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on April 02, 2014, 15:23:20 PM
Поправка на проблеми:

- поправени проблем кај единиците со двоен напад, кои напаѓаат поразена противничка војска


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on April 03, 2014, 14:53:29 PM
Поправка на проблеми:

- подобрена е функционалноста на "Прашај играч"


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on April 03, 2014, 16:42:47 PM
Поправка на проблеми:

- отстранет е проблемот при кој после уништување на Воена станица напаѓачката војска се пренасочува кон Трговска станица, наместо кон провинцијата од којашто била испратена
- поправени се проблемите со поставување на Сојузен аватар


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on April 04, 2014, 16:11:24 PM
Поправка на проблеми:

- Известувањето "Потребно е членство во сојуз!" веќе работи правилно кога играчот е исфрлен од сојуз за време на сојузна мисија


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on April 09, 2014, 08:30:20 AM
Поправка на проблеми:

- чуварите на профил повеќе не можат да го променат името на профилот од друг играч (проблемот се однесува само на профили, создадени преку (Facebook/Одноклассники)

 


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on April 10, 2014, 13:53:03 PM
Поправка на проблеми:

- поправен е проблемот со кој битките меѓу сојузните војски за време на војна неправилно се покажуваа како битки помеѓу лидерите на сојузите и неправилно се распределуваше воениот приход
- поправен е проблемот преку кој високиот број на население можеше да ги деактивира вештините на Губернаторот
- уништената тврдина на императорот, кој после отсуство од својата империја се вратил во неа, веќе автоматски се поправа
- профилите во Одноклассники се оптимизирани за пристап преку Internet Explorer 8
- поправена е неправилната состојба на иконата за "Империјални мисии" кога не се достапни исполнети мисии


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on April 14, 2014, 14:21:10 PM
Поправка на проблеми:

- Ровот, изграден во Собирен пункт или Сојузен замок, веќе ќе има правилно влијание врз војската која напаѓа
- Генералската вештина "Запленувач" веќе правилно ќе влијае врз капацитетот на носивост на војската


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on April 16, 2014, 15:27:55 PM
Промени:

- Почетничката заштита која автоматски истекува кога играчот ќе достигне 1000 поени, веќе може да се исклучи ако играчот испрати напад на друг играч

Поправка на проблеми:

- Играчите кои напаѓаат од провинција, различна од престолнината, веќе ќе го гледаат правилниот пат на својата војска на Глобалната мапа

- Поправен е проблемот кој дозволуваше истовремено да бидат назначени двајца лидери во еден сојуз и којшто можеше да доведе до блокирање на сојузното мени

- Поправен е проблемот со кој можеше да "замрзне" и да не се исполни мисијата враќање на население од уништен посед

- Гувернерските вештини кои го намалуваат времето за обука на воени единици, веќе го намалуваат времето и за Надоградување на единици

- Додадена е информација во известувањата за правење на неуништлива Колонија

- Трговскиот приход од Трговски патишта веќе правилно се покажува во мени Сала на престолот/Економија


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on April 22, 2014, 11:45:47 AM
Поправка на проблеми:

- додадена е опција за Расформирање на војски којашто недостигаше во Собирен пункт во случај кога сојузот имаше во сопственост само еден Собирен пункт


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on April 23, 2014, 10:14:40 AM
Поправка на проблеми:

- поправен е проблем кој можеше да предизвика Вазалите да не генерираат приход
- повеќе не е возможно да се донира само дел од Опсадна машина во Сојузен посед


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on April 24, 2014, 11:04:39 AM
Поправка на проблеми:

- испраќањето на повеќекратни напади против Сојузен замок повеќе нема да ја блокира можноста на бранителот да преместува војски кон нападнатиот Замок


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on May 08, 2014, 12:49:18 PM
Поправка на проблеми на 28.04.2013:

- поправен е проблемот кој дозволуваше да се добиваат Воени поени од напад по Независни замоци

- поправен е проблем кој можеше да доведе до плаќање на издржување на војската додека нападите се запрени

- империјалните мисии "Епски камени ѕидови" и "Епска дополнителна заштита" веќе ќе бидат достапни после исполнување на потребните услови

- поправен е проблемот со кој терените "Планински" и "Ридови" не им даваат бонус на Стрелците во одбрана

- подобрена е комуникацијата за воените бонуси на Тврдината во престолнината


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on May 08, 2014, 12:50:02 PM
Поправка на проблеми на 29.04.2014:

- поправен е проблем кој доведуваше до неправилно пресметување на исполнетите Империјални мисии

- поправен е проблемот со кој неправилно се пресметуваат нивоата на градби за некои Империјални мисии

- поправено е неправилното пресметување на некои воени истражувања за време на сојузен напад

- поправен е неправилен ефект на бонусот од Богато поле на Памук


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on May 10, 2014, 11:29:35 AM
Промени:

- додадена е порака која известува дека се исполнети сите Империјални мисии
- подобрено е создавањето на  уникатни имиња и портрети на Големите луѓе
 
Поправка на проблеми:

- поправени се линковите за форумите на ИО за некои јазици
- бонусот од вештината Ограбувач веќе ќе се пресметува правилно при испраќање на Грабеж
- подобрено е преминувањето помеѓу екраните на различните поседи од играчот
- бројот на Кули веќе ќе се намалува правилно кога Тврдината била разрушена под неопходното ниво
- вештината Гарнизонски тактичар веќе ќе се применува правилно, дури и кога Генералот во одбрана е испратен на мисија
- капацитетот на гарнизонот веќе ќе се намалува правилно, кога е отстранет Генерал во одбрана со вештина "Гарнизонски тактичар"
- играчите повеќе нема да можат да градат Колонии или Воени станици во ексклузивната зона на Напуштена империја
- војската донирана во Собирен пункт / Замок со пополнет капацитет, која треба да се врати во уништена Колонија, веќе нема да исчезнува. Наместо ова, војската ќе се врати во поседот од каде што била основана Колонијата.


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on May 15, 2014, 15:02:06 PM
Поправка на проблеми:

- Поправен е проблем со кој времето за изградба на Империјалниот пат, чијашто изградба е во тек, може да се покажува различно ако се гледа во различни провинции
- генералите во заштита ќе бидат ослободени од нивната должност ако империјата во која биле назначени се претвори во "изоставена"
- ефектот на бонусот од специјалниот ресурс Мермер веќе ќе се пресметува правилно
- играчот повеќе нема да може да припои свој вазал којшто е под напад
- кога Големиот човек стане император, неговото искуство ќе се пресметува правилно


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on May 16, 2014, 12:09:14 PM
Поправка на проблеми:

- дозволеното растојание за изградба на Колонии, Трговски и Воени станици секогаш ќе се пресметува од престолнината
- вазалните војски повеќе нема да се пресметуваат во дозволениот лимит за моментална обука на 5000 единици
- поправени се ретки случаи со предвремени пораки кои известуваат дека е истечен рокот за орочување на Депозитот
- поправено е погрешно покажување на искуство на Гувернерите во некои прозорци
- кога ќе пристигне војска во посед во којшто назначениот Генерал во одбрана поседува вештина Гарнизонски тактичар, војската правилно ќе се распоредува во дополнителните места во гарнизонот


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on May 21, 2014, 12:35:10 PM
Поправка на проблеми:

- поправено е погрешно покажување на "Приход од трговија" за вазали
- поправен е проблемот со пресметување на бонусите на Морал на сојузните војски
- количеството дијаманти во Сојузната ризница веќе е видливо за сите членови


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on May 22, 2014, 16:07:10 PM
Поправка на проблеми:

- поправен е проблем кој не дозволуваше правилно да се пресметуваат бонусите за Задоволство од различни Специјални ресурси
- бонусот од вештината Управник на воена станица веќе правилно се применува


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Martina on June 05, 2014, 09:55:30 AM
Поправка на проблеми:
23.05.2014 10:49:25

- отстранет е проблемот со погрешните пресметки за опсадните машини кои можат да напаѓаат на сојузен Замок (Само во Симулатор за битки; вистинските битки се непроменети);
- поправена е грешката каде што беше намалено Задоволството на играчот кој успешно бил шпиониран;
- по ослободувањето на Генералот кој поседува вештина ''Управник на воена станица'', вишокот на воените единици ќе се вратат во престолнината;
- поправена е појавата кога при користење на опцијата во командниот центар ''Сите на поле'', во една Колонија/Воена станица ја поставува целата војска на поле во сите Колонии/Воени станици.


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Martina on June 05, 2014, 09:56:28 AM
Поправка на проблеми
26.05.2014 16:50:39

- Независните градови кои играчот ги напаѓал од сега нема да се прикажуваат како "Light god" во менито Сала на престолот/Битки;
- Некои опции (моментална обука, преместување во редицата на чекање, прекинување на истражувањата итн.) од сега ќе бидат одклучени после завршувањето на советникот;
- Неактивните империи веќе нема да произведуваат ресурси.


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Martina on June 05, 2014, 09:56:54 AM
Поправка на проблеми
28.05.2014 10:05:35

- додадено е копче ''Претвори во вазал'' за Независните градови кога тие се гледаат од Воена станица/Колонија
- бонусот од терен за обука на коњаница од сега правилно ќе се применува.


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Martina on June 05, 2014, 09:57:39 AM
Подобрувања
29.05.2014 15:10:02


- играта веќе ќе го помни Вашиот последен избор на Генерал при испраќање на напад
- позицијата на Големиот човек како Генерал или Гувернер веќе ќе се покажува и во неговиот портрет. Нова икона ќе Ве информира ако Големиот човек бил испратен на мисија
- воведен е нов метод за неселување на светот од играчи со цел да се зголеми достапната територија за припојување
- подобрени се врските со "Мои сојузни мисии"; веќе ќе гледата кој ги испраќа Вашите Сојузни војски на мисија
- визуелни промени на екранот "Распоредување" во Команден центар
- додадена е детална информација за Сојузните војски, достапна во екраните "Информација за сојузот" и "Сојузни поседи"
- оптимизација на Воениот симулатор
- оптимизација на Шпионажата; играчите веќе можат да ги гледаат Извештаите од шпионажа на нивните Сојузници
- задоволството веќе не може да падне под 0
- подобрено е движењето низ мени "Рангирање"

- еден Голем човек повеќе не може да биде Гувернер и Генерал-заштитник во два различни поседи

- Големите луѓе веќе можат да бидат назначени за Гувернери во Трговска станица
 


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Martina on June 05, 2014, 09:58:06 AM
Поправка на проблеми
03.06.2014 12:25:10

- приходот од признание на вазалите повеќе нема да се собира ако го достигнал неговиот лимит (во зависност од нивото на Тврдина)
- бонусот од вештината Духовен водач веќе правилно ќе се пресметува
- донирање на војска во Сојузен посед веќе ќе има минимално време на патување
- неактивните напуштени империи повеќе нема да произведуваат ресурси


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Martina on June 27, 2014, 12:37:29 PM
Поправка на проблеми
06.06.2014 17:00:00

- поправен е проблем поврзан со Шпионажата на Сојузен посед
- опцијата "Промена на позиција" повеќе нема да биде достапна за обичните членови на Сојузот ако има достапни позиции за Командант или Офицер


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Martina on June 27, 2014, 12:37:53 PM
Поправка на проблеми
09.06.2014 13:37:34

- напуштените империи кои се под Почетничка заштита повеќе нема да се покажуваат на Глобалната мапа преку филтерот за Напуштени империи
- обичните членови во Сојузот повеќе нема да можат да го Поправаат или Уништуваат Големиот храм во Сојузен Замок
- поправен е проблем со Големите луѓе кои се враќаат од неуспешна понуда за Брак и повеќе не се достапни за назначување на Гувернерска или Генералска позиција


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Martina on June 27, 2014, 12:38:26 PM
Поправка на проблеми
24.06.2014 15:27:40

- отстранет е проблем поврзан со промената на корисничките имиња во Одноклассники: Синови на пустината
- искуството за Гувернер во профилот на императорот веќе правилно се пресметува и правилно се покажува
- копчето Помош при плаќање е повторно достапно за играчите кои играат во световите Одноклассники во верзија 6
- отстранет е проблемот кој му даваше можност на чуварот со ограничени права да отвора ковчези во храмот.
- поправен е проблемот со покажување на играчи од сојуз преку клик на копчето Сојуз на глобалната мапа


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Martina on June 30, 2014, 10:55:01 AM
Поправка на проблеми
25.06.2014 17:13:10

- отстранет е проблемот со доделување на два медали за битка на денот
- поканата за регистрација, испратена од играч до пријател на Facebook секогаш ќе го регистрира примачот во истиот свет. Во многу ретки случаи, кога нема слободни места во истиот свет, примачот на поканата ќе биде регистриран во свет со слободни места.


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Martina on July 04, 2014, 11:28:38 AM
Поправка на проблеми
02.07.2014 15:59:09

- веќе е дозволено играч да шпионира напуштена империја од сојуз со којшто играчот е во федерација
- поправен е проблемот со кој избришаните приватни пораки повторно се појавуваа во сандачето за пораки
- поправен е проблемот со кој копчето "Сите во гарнизон" беше активно и кога гарнизонот е полн


Title: Иновации и поправка на проблеми
Post by: Martina on July 04, 2014, 11:29:28 AM
Иновации и поправка на проблеми
01.07.2014 12:05:04

- додаден е Речник во менито Како да играм. Постојано ќе се обновува со нови термини.

- воведена е функционалноста "Залихи" (на десната страна од екранот). Менито ги покажува сите достапни ковчези со ресурси или друга содржина во едно мени во коешто можат да се разгледуваат и отвораат.

- воведена е функционалност за кандидирање на играч во сојуз.

- секој ќе може да провери колку напреднал во споредба со сите играчи од сите светови според нето економски поени, опцијата е достапна во мени Рангирање.

- играчите ќе бидат предупредени дека го достигнуваат лимитот на капацитетите на куќите и ресурсите два часа пред да го достигнат, преку зелена тркалезна икона со знак извичник.

- во мени Шпионажа е додадено копче за Повлекување на сите шпиони назад.

- Активирањето на мод Одмор веќе:

1. ќе спречува стареење на големите луѓе
2. ќе спречува раѓање на деца
3. ќе спречува умирање на големите луѓе
4. ќе спречува создавање на благородници
5. ќе спречува добивање на искуство кај генералите
6. нема да ја запира платената обука на генерали/гувернери
7. нема да дозволува испраќање на голем човек во империја каде што е активен мод Одмор

- во случај на напад кога разликата помеѓу вредноста/златниот еквивалент на војската на напаѓачот и нето економските поени на бранителот е драстична, нема да биде достапен ковчег со војска во Храмот.

- движењето на сојузните војски веќе ќе се пресметува правилно, земајќи го во предвид нивото на Картографија на Лидерот.

- веќе ќе се покажува правилна порака за грешка кога играчот ги разгледува своите вазали преку стрелките во менито и наиде на вазал што му бил одземен.

- вазалите во ексклузивната зона на напуштена империја веќе ќе бидат видливи за сите.

- при напуштање на сојузот, играчите ќе добијат известување за бонусите кои ќе ги изгубат и можноста повторно да влезат во сојузот.

- опцијата за Игнорирање во приватни пораки веќе нема да им дозволува на играчите да пишуваат на профилот на играчот што ги игнорирал.

- во провинција заклучена поради Немири или Бунт повеќе нема да биде возможно да се постави данок.

- поправен е проблем со којшто можеше да се испрати голем човек во туѓа империја за време на платена обука.


Title: Re: Иновации и поправка на проблеми
Post by: Martina on July 04, 2014, 11:29:52 AM
''Мулти-најава''
02.07.2014 12:28:50

Почнувајќи од денес, Ви претставуваме нова опција во Империја Онлајн - Мулти-најава. Дизајнирана е за да Ви дозволи непречено да поминувате помеѓу мобилните апарати, работниот или персоналниот компјутер. Ги има следните функции:

· Сега можете истовремено да бидете најавени во Империја Онлајн од повеќе апарати. Најава преку нов апарат повеќе нема автоматски да Ве одјави од претходниот.

· Новиот "Дневник на активност" ќе Ви обезбедува детална информација, кој и од каков апарат наскоро влегувал во Вашиот профил.

· Промената на лозинката на Вашиот профил на еден апарат ќе Ве одјави од сите други апарати.

· Мулти-најава не е достапна за време на Советникот.


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on July 07, 2014, 16:18:58 PM
Поправка на проблеми:

- Поправен е проблем поврзан со отстранување на гувернер кој бил назначен во провинција.
- Поправен е баг со кој пакетот за еден месец премиум се активираше 2 пати.
- Одбројувањето на времето до истекување на депозитот во банката додека е активен мод Одмор ќе биде запрено.
- Поправен е проблемот поврзан со неактивност на бројачот, којшто го одбројува времето за сојузно истражување.
- Иконата со череп во профилот на генерал после неговата смрт веќе ќе се покажува правилно.
- Модулот "Дијамантска трка" е запрен на неодредено време.


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on July 09, 2014, 15:31:36 PM
Поправка на проблеми:

- Поправен е проблем каде што при обид за придружување во сојуз, во којшто лидерот сѐ уште не се најавил во светот после рестарт, се покажуваше грешка.
- Поправен е проблем со кој после смрт на последниот преостанат човек во една династија, датумот на смртта на останатите членови станува ист како и датумот на неговата смрт.
- Поправен е проблем каде што во извештајот од битка на денот се покажуваше само 1-вата рунда.
- Имињата на победениот и победникот во извештајот од симулација веќе се покажуваат на правилните места.


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on July 11, 2014, 16:05:05 PM
Поправка на проблеми:

- поправен е проблем со којшто после објавена војна на еден од двата сојузи кои склучиле пакт за ненапаѓање, вториот сојуз не можеше да му објави бесплатна војна на агресорот.
- поправен е проблем со којшто не можеше да биде прифатен предлог за брак на голем човек испратен во друга империја и големиот човек остануваше во Командниот центар на играчот.
- поправен е проблем со којшто војската од уништен собирен пункт нема каде да отиде бидејќи нема доволно слободни места во собирниот пункт кон којшто е пренасочена и како резултат на тоа мисијата не можеше да заврши.
- поправен е проблем со којшто во Битки на денот не влегуваше и битка во одбрана, извршена помеѓу воени станици.
- поправен е проблем со којшто военото припојување на вазал со слаба војска, која не ѝ нанесува штети на тврдината, секогаш водеше до победа.
- поправен е проблем со којшто промената во цените на сојузните градби и истражувања не влијаеше правилно според нивото на универзитетот на Офицерот научник.
- поправен е проблем со којшто играч со помалку од 200 поени и за време на исполнување на чекорите на Советникот можеше да нападне туѓ сојузен посед.
- поправен е проблем со којшто бонусот од колонија, основана на специјален ресурс Дијаманти, не влијаеше при купување на дијаманти за пријател.


Промена:

- играчите во сојузот што е победник во натпреварот Господари на светот веќе ќе добиваат по 200 дијаманти како награда.


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on July 15, 2014, 09:55:15 AM
Промени и поправка на проблеми:

- направена е корекција на нивоата и цените на градбите Гувернерски штаб, Генералштаб и Дворец. Погледнете го описот на градбите во играта за повеќе информација.
- во случаите кога императорот умрел или бил убиен и друг Голем човек го наследил неговиот престол, првото ресетирање на вештините веќе ќе биде бесплатно.
- има промени во дел "Избори" во сојузното мени.
- ако сојузот го напуштат сите негови членови, неговото име ќе се ослободи и ќе може да се користи при формирање на нов сојуз.
- нов дизајн на "Назначување во група" за назначување на членови од сојузот во групи.
- воведена е порака за предупредување коге е откажана мисија за припојување по мирен пат.
- во Рангирањето на играчи, движењето на нето и воените поени на играч спрема вчерашните вредности веќе правилно ќе се покажува.
- веќе се покажува правилната единична цена за талон при купување на 10 или 15 талони во "Играта на среќа".


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on July 16, 2014, 16:18:12 PM
Промени:

Поради условите на трговската политика на Фејсбук, повеќе нема да биде достапно копчето за објавување на завршена Империјална мисија на ѕидот на Фејсбук.


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on July 23, 2014, 10:21:51 AM
Поправка на проблеми:

- Поправен е проблем со кој не се покажуваше правилното количество дијаманти во екранот на избраниот пакет при купување на дијаманти со некои методи за плаќање.
- Кога императорот ќе умре или ќе биде убиен и друг голем човек ќе го наследи неговиот престол, првото ресетирање на вештините веќе ќе биде бесплатно, само во случај кога новиот император има вештини.


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on July 24, 2014, 16:18:16 PM
Поправка на проблеми:

- отстранет е проблем поврзан со удвојување на сојузна војска
- отстранет е проблем со кој беше спречена можноста за избор на нов лидер на сојузот
- поправен е проблем со кој наследникот на императорот губи поени искуство како гувернер и губи вештини при наследување на престолот
- отстранет е проблемот со кој некои членови во сојузот не го гледаа последниот шпионски извештај во сојузот


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on July 31, 2014, 10:29:33 AM
Поправка на проблеми:

- империјалната мисија за придружување во / формирање на сојуз веќе правилно се исполнува.
- поправен е проблемот со испраќање товарни колички од друг посед кон воена станица од менито за собирање на војска.


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on August 18, 2014, 12:09:26 PM
Поправка на проблеми 07.08.2014:

- поправен е проблем со кој времето на патување на сојузната војска не беше под влијание на нивото Картографија од лидерот.
- линковите за поими во Речникот во "Како да играм" веќе работат правилно.
- опсегот на поени во екранот за информација пред битка веќе се покажува правилна информација кога има мала разлика помеѓу пените на агресорот и бранителот.
- во профилот на голем човек што починал веќе се покажува слика на починатиот.


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on August 21, 2014, 15:51:59 PM
Поправка на проблеми:

- поправен е проблем со кој не се одземаше Задоволство при негативен баланс на задоволството поради даночната стапка.
- поправен е проблем со кој исчезнуваше последниот шпионски извештај после шпионирање преку историја на шпионажа.
- поправен е проблем со кој во екранот за испраќање на напад не се променуваше брзината на воените единици, независно од нивниот вид.
- поправен е проблем при кој шпионите коишто биле инфилтрирани во вазал од играч, не се повлекуваа после ослободување на вазалот.
- бонусот од императорската вештина Врховен генерал веќе правилно се пресметува.
- бонусот на трговскиот потенцијал од вештината Мајстор трговец веќе правилно се пресметува.
- во шпионскиот извештај растојанието до различните провинции на еден играч веќе е еднакво.


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on August 27, 2014, 09:56:11 AM
Поправка на проблеми:

- чувар на профил кој има права да одговара на прашања во мени Прашај играч повеќе нема право да одговара преку профилот што го чува.
- поправен е визуелен проблем кој се појавуваше при промена на редот на истражувањата во редот за чекање, кога истовремено беа отворени прозорците и на двата универзитета.
- поправен е проблем при кој во случај на депозит, внесен пред активирање на мод Одмор, се добиваше порака за негов крај веднаш после прекинување на модот Одмор.
- поправена е визуелна неточност во статусот на шпионите, инфилтрирани во Независен град.
- вредноста на брзината веќе се покажува правилно во описот на воените единици.
- поправена е неточност во цената на 28-мо ниво Куќи.


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on October 16, 2014, 15:40:42 PM
Советник 2.0: Без повторување

Со воведувањето на новиот Советник 2.0, повеќе нема да биде неопходно да го поминувате Советникот одново. Ако сте го поминале Советникот барем еднаш и откако светот ќе се рестартира, автоматски ќе започнете да играте со сите градби, истражувања, ресурси и дијаманти кои се добиваат од Советникот.

Нема да Ви биде предложено да активирате Почетничка заштита како досега, но како и претходно, ќе можете да ја активирате од секој Извештај од битка додека не достигнете 1 000 поени.


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on November 04, 2014, 15:31:00 PM
Промени:

Воведени се следните промени: ако вредноста/златниот еквивалент на војската од напаѓачкиот сојуз/играч е драстично помала од златниот еквивалент на ВРЕДНОСТА на сојузот заштитник (ова е збирот на нето вредноста, добиена при изградба на градби, развој на истражувања и војска), Премиум опциите нема да бидат заклучени за сојузот заштитник додека е под напад.

Ако вредноста/златниот еквивалент на војската на напаѓачот е драстично помала од златниот еквивалент на нето економските поени на заштитникот, заштитникот под напад ќе може да донира ресурси во својот сојуз.


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on November 05, 2014, 12:45:55 PM
Промени:

Играч повеќе нема да може да нападне Сојузен посед со повеќе од 3 000 000 единици. Сите Опсадни машини се бројат како бројот единици еднаков на нивната Оперативна посада.

(Промената е воведена на 28.10).


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on November 25, 2014, 10:16:12 AM
Поправка на проблеми:

- Поправен е проблем сврзан со исчезнување на аватар во примена приватна порака.
- Информацијата во тултипот на терен што го покажува растојанието до империјата веќе е правилна.


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on November 27, 2014, 18:03:13 PM
Ажурирање:

При напад на варварски камп, генералите и нивните вештини, што досега се гладаа во шпионскиот извештај, веќе ќе влијаат и на битката.


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on December 03, 2014, 15:39:27 PM
Ажурирање:

Додадено е копче за освежување на прозорецот на секое мени во играта, се наоѓа до копчето за затворање (не е достапно за мобилните апликации).


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on December 09, 2014, 16:09:14 PM
Ажурирање:

- Независните градови имаат нова карактеристика - Раст, којшто ќе се зголемува после секој успешен напад од страна на играч. После одреден број успешни напади, ќе се зголеми нивото на независниот град, а Растот ќе се ресетира после зголемувањето на нивото на независниот град.
- Известувањето што информира за евентуална загуба на битка на играч што напаѓа независен град, веќе ќе покажува правилна информација.
- Додадено е известување за евентуална загуба на битка на играч, што напаѓа варварски камп во ексклузивната зона.
- Воведена е нова позадина во сите поседи (со исклучок на воена станица и собирен пункт), соодветен со видот терен, на којшто се основани. Имајте во предвид дека со ова се променуваат и координатите на градбите.


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on December 15, 2014, 15:16:01 PM
Ажурирање:

Од утре (16.12), само првиот ковчег - подарок од пријател во Фејсбук ќе содржи максимално задоволство. Ова значи дека играчот што го добил подарокот ќе може да отвори само еден ковчег со подарок максимално задоволство во рамките на еден ден. Останува правото да можат да се отворат до 6 ковчези од пријател на ден.


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on February 06, 2015, 19:50:39 PM
Ажурирање

- Туку што преземен вазал нема да може да биде напаѓан до 2 часа (во свет со брзина x2) / 1 час (во свет со брзина x4 и свет со брзина x10) од преземањето. Во овој период сопственикот на вазалот ќе има пристап до него.
- Секој што ја потврдил имејл адресата со којашто се регистрирал во играта ќе добие награда - 10-часовно производство на империјата!


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on February 09, 2015, 13:31:39 PM
Ажурирање:

- Варварските напади веќе тргнаа, затоа внимавајте! Повеќе информација прочитајте во дел Варварски камови/Напади од Варварски камови во "Како да играм"

- Во менито за добивање на 10-часовното производство веќе можете да избирате на кој ресурс ќе ги вработите сите работници.

- Туку што преземен вазал нема да може да биде напаѓан до 2 часа (во свет со брзина x2) / 1 час (во свет со брзина x4 и свет со брзина x10) од преземањето. Во овој период сопственикот на вазалот ќе има пристап до него.

- Секој што ја потврдил имејл адресата со којашто се регистрирал во играта ќе добие награда - 10-часовно производство на империјата!

- Бројот на симболи за пишување во Известувања и Бележник е зголемен на 1000.

- Поправка на проблеми и подобрувања.


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on February 13, 2015, 16:42:09 PM
Ажурирање:

- Од денес понатаму, за секој добиен медал за Битка на денот (во напад или во одбрана) ќе добивате награда од 100 дијаманти.
- Веќе е возможно да се распоредуваат шпиони во трговска станица.
- Поправка на проблеми и подобрувања.


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on February 18, 2015, 09:30:21 AM
Ажурирање:

- Од битки во одбрана против варварски кампови веќе ќе добивате 10% од вкупната вредност на добиените воени поени, како и вкупната вреедност на поените чест.
- При битка со независен замок, војските, распоредени во него ќе се борат со воени истражувања соодветни на нивниот вид и минимални побарувања за истражувањата на овие војски.
- Поправки на багови и подобрувања.


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on February 23, 2015, 16:41:51 PM
Ажурирање:

- Истражувањето Воени коњи веќе дава бонус +2% на Јуришот на Коњаницата.
- Поправка на багови.


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on March 05, 2015, 18:53:15 PM
Ажурирање:

- Од битки во одбрана против варварски кампови веќе ќе добивате 5% од вкупната вредност на добиените воени поени, како и вкупната вредност на поените чест.


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on March 19, 2015, 09:21:05 AM
Ажурирање:

- Секој варварски камп може да испраќа напади против играчи кои се наоѓаат на растојание од максимум 70 империјални милји од кампот.
- Нов дизајн на касарни и воени единици.
- Оптимизиран (80%) изглед на играта за корисници со помали екрани.


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on March 23, 2015, 18:40:48 PM
Ажурирање:

- Веќе е возможно да се основа колонија, којашто ќе ја преклопува екслузивната зона на империја со една провинција (престолнината), напуштена пред повеќе од 7 дена.
- Товарните колички веќе се на прва позиција во работилницата за опсадни машини, над опсадните машини.
- Поправка на багови.


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on March 26, 2015, 13:24:55 PM
Ажурирање:

- Нов изглед на градбите на картата од селото
- Одделни бројачи за градби и истражувања, коишто се во тек
- Поправка на багови


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on April 24, 2015, 14:29:25 PM
Ажурирање:

- Нови терени во сојузните поседи
- Функција за пребарување на профили на Големи луѓе и други подобрувања поврзани со нив
- Зачувување на последното подесување за зумирање на селото
- Поправка на помали багови


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on May 14, 2015, 16:33:28 PM
Отстранување на Засолниште и Трезор

Градбите "Засолништа" и "Трезор" беа отстранети од играта. Нивните ефекти - соодветно, зачувано население од грабеж и зачувани ресурси од запленување, ќе бидат додадени на моменталните ефекти на нивоата на тврдината. Затоа цената на Тврдината ќе биде 10% повисока.


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on June 01, 2015, 16:09:25 PM
Ажурирање:

- Варварските кампови веќе располагаат со воени истражувања што се користат како во напад, така и во одбрана. Детална информација можете да прочитате овде (http://www103.imperiaonline.org/imperia/game_v6/game/help/?section=global_map&speed=2&lang=mk#globalmap_22) (повлечете надолу до делот за Истражувања на варварски кампови).
- Сите логистики веќе ќе даваат ефект од по 20ИМ растојание уште од ниво 0 наместо од ниво 1. Зголемувањето на ефектот преку зголемување на нивоата на логистиките останува непроменето.
- Направено е фино подесување на формулата за добивање на генералско искуство при битка со варватски камп или независен град. На овој начин ќе се добиваат резултати што се поадекватни спрема силата на независниот град/варварскиот камп.


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on June 09, 2015, 10:18:43 AM
Промена во фиксната провизија на пазарот

Фиксната провизија за објавување на понуда на пазарот веќе ќе се одзема од самиот ресурс, а не под формата на злато. Количеството на провизијата останува истото - 10% од понудата. Ова значи дека на пазарот ќе бидат продадени 90% од ресурсот (пример: ако објавите понуда за 1000 камен, ќе продадете 900 камен). Влијанието на специјалниот ресурс Зачини останува непроменето.

Промената ќе влезе во сила во четврток, 11.06.


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on August 11, 2015, 08:52:35 AM
Ажурирање - 30.07.2015

При испраќање на гувернер на воена мисија, неговите гувернерски вештини ќе продолжуваат да даваат ефект на провинцијата/империјата.


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on September 09, 2015, 15:59:10 PM
Седмични поени:

Седмичните поени од дневните мисии веќе ќе се ресетираат во понеделник.


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on September 29, 2015, 13:46:46 PM
Ажурирање:

Веќе можете да ја следите еволуцијата на вашиот профил преку новото истоимено мени во Сала на престолот. Таму ќе гледате статистики за различни аспекти на Вашиот профил, разделени по денови. Информацијата ќе биде на основа на Вашите дејства, извршени само во моменталната ера на светот.


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on October 17, 2015, 15:56:13 PM
Ажурирање:

Бројот достигнувања што може истовремено да ги исполнувате е зголемен од 1 на 5. Исто така, зголемени се и наградите на некои достигнувања.


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on November 05, 2015, 18:18:03 PM
Промена во Мрачната тврдина

Поздрави, храбри воини!

Империјалното министерство за Контрола на штетниците би сакало да ве информира дека најомразениот непријател во Световите на Империјата - Мрачната тврдина - повторно ќе сее хаос и уништување во близина на вашите домови за време на викендот! Разликата е во тоа што штетникот ќе биде активен 8 наместо 24 часа! Сите императории се повикуваат да се наоружаат за да го победат Дувлото на Злото!

Подгответе ги војските!


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on November 09, 2015, 19:01:46 PM
Подобрувања во квалитетот на животот

Империјалното Министерство на Квалитетот на животот би сакало да ги извести сите Владетели дека се воведени 3 нови функции во играта:

1. Бројач што ја покажува првата војска што ќе пристигне во империјата.

2. Опција "Забрани на играчи да објавуваат на мојот профил".

3. Дворецот веќе ќе дава 1 дополнително место за членови на дворот. На пример: Дворец ниво 1: 2 места, Дворец ниво 2: 3 места итн.

Уживајте во поквалитетниот живот, Ваши Височества!


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on November 23, 2015, 17:35:22 PM
Подобрувања и новости

Ваши височества!

Дојде време за важни известувања!

Да се знае дека следните подобрувања и новости беа воведени во сите Светови на Империјата:

1. Играчите веќе можат да прогонуваат благородници по сопствен избор;

2. Лидерите на сојузи веќе имаат опција да уништуваат сопствени Собирни пунктови;

3. За секоја гадба во селото се појавува информација во балонче, што ги опишува нејзините функции;

Работиме на уште новости и подобрувања на квалитетот на животот и затоа ве молиме да ги следите новостите.


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on December 17, 2015, 15:55:03 PM
Неколку подобрувања

Почитувани владетели!

Ви подготвивме неколку подобрувања на животот!

1. Ако сте се најавиле во профилот повеќе од 24 часа и златото Ви е негативно, тоа автоматски ќе стане нула. Меѓутоа, ако сте активирале мод Одмор, златото ќе остане негативно.
2. При клик на медалјонот купен од Империјалната аукција, автоматски се отвора екранот во којшто веднаш можете да почнете да го прилагодувате Вашиот благородник.
3. Кога Вашата војска автоматски се враќа од мисија до варварски камп, независен град, Мрачна тврдина/Череп на богатството, ќе имате опција моментално да ја вратите во империјата за 30 дијаманти. Опцијата е активна независно дали нападот веќе ја достигнал целта. Опцијата нема да е активна ако кон Вас е веќе испратен напад што ги заклучува премиум додатоците.
4. Нов таб наречен "Дигитални награди" што содржи различни "лакомства", ќе се појави во Вашиот профил кога ќе дистигнете ниво 50!

Важно: Подобрувањата нема да бидат достапни за мобилните апликации!


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on January 12, 2016, 16:22:21 PM
Сојузни вести

Ваши Височества!

Воведено е известување за напад којшто патува кон сојузник. Кога играч ќе го отвори менито "Напади по мене" и кон него има напад што патува и што е видлив за бранителот, сите членови на неговиот сојуз што се онлајн ќе добијат известување дека нивниот сојузник е под напад. Известувањето е еднократно и се добива со првото отворање на менито од страна на нападнатиот играч (за моменталниот напад). Се појавува во горниот дел од екранот и го содржи името на нападнатиот играч и напаѓачот. Известување не се добива ако:

• Нападнатиот играч е офлајн;

• Нападнатиот играч не го отвори менито со нападите;

• Самиот напад сѐ уште не е видлив;

Ако има повеќе напади што патуваат кон сојузикот, известување се праќа само за нападот што пристигнува најбрзо.

Важно: Новото известување не е активно за мобилните апликации.


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on February 09, 2016, 13:37:13 PM
Поздрав, благородни воини!

Беше воведена следната актуализација во сите светови на Империјата:

• Откако играч ќе нанесе повеќе од 30% штети на Мрачната тврдина/Черепот на богатството, повеќе нема да може да го напаѓа со моментални напади;
• Патувањето помеѓу поседи веќе покажува правилни бројачи;
• Отстрането е копчето за капитулација што се покажуваше после припојување на вазал;
• Рангирањето по нето економски поени се наоѓа во посебно мени, одделено до Лигите;



Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on March 18, 2016, 09:44:28 AM
Ваши Височества!

Империјалното Министерство на механиката на игра би сакало да ги информира сите владетели во сите светови дека се воведени важни промени во играта:

1. Ремонт на дворецот

Нивоата на дворецот веќе се 30;
Цените за надоградба се обновени;
Места за нови благородници веќе се отклучуваат на овие нивоа на Дворецот: 1, 5, 9, 13, 17, 21 и 25;
Новородените благородници веќе имаат шанса да добиваат од 1 до 4 вродени таленти;
Шансата за повеќе таленти се зголемува со секое наредно ниво на Дворецот;
Нивоата на Дворецот ќе бидат автоматски променети за да одговараат на новите правила;

2. Дневни мисии

Сите дневни мисии веќе се отклучени;
Поделбата по тежина останува, но веќе нема да биде потребно полесните да бидат исполнети за да се продолжи кон потешките;

3. Движење на војска

Времињата за движење на војската помеѓу провинциите веќе се пресметуваат по формулата за движење по мапата;
При напад од провинција, различна од престолнината, оваа провинција се зема како почетна точка за пресметување на времето за патување;

4. Вазали

Веќе нема да се одзема задоволство при загуба на вазал.

Уживајте во новите промени во играта!

Важно: Промени од точка 2 и 4 нема да бидат достапни преку мобилните апликации.


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on March 21, 2016, 12:55:17 PM
Почитувани играчи,

Би сакале да ве информираме дека поради технички причини, следните модули ќе бидат запрени за неопределено време:

- Сите глобални настани (Мрачната тврдина и Черепот на богатството);
- Империјалната продавница;
- Предметите што се паѓаат како награда од Храмот и плен од битки;

Се извинуваме за непријатностите. Ќе Ве информираме кога модулите ќе бидат активни повторно, кога ќе имаме повеќе информација.


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on March 25, 2016, 12:05:38 PM
Трансфер на ресурси

Поради технички причини, трансферот на ресурси помеѓу сојузници беше запрен. Продолжува да биде активен единствено трансферот на злато, како што беше претходно, според истите правила.

Се извинуваме за непријатностите.


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on June 09, 2016, 09:41:36 AM
Промени во сојузната механика

Од денес, после рестарт на секоја Ера, сојузните командири веќе нема автоматски да ги заземаат своите позиции од претходната ера. Сите други сојузни позиции остануваат непроменети.


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on August 24, 2016, 11:26:52 AM
Промени поврзани со зачуваните ресурси од запленување

1. Ресурсите што тврдината ги чува од запленување (не можат да бидат земени од напаѓачот), нема да се гледаат во извештајот од шпионажа.
2. Заштитата на ресурсите преминува од пропорционално пресметување во рамни количества ресурс. Пример:
- досегашно правило - играчот има 1М дрво, 2М железо, 3М камен и 4М злато, а тврдината зачувува вкупно 1М ресурс. Ќе бидат заштитени соодветно 100К дрво, 200К железо, 300К камен и 400К злато.
- ново правило - ќе бидат заштитени по 250К од секој ресурс.


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on September 08, 2016, 13:26:02 PM
Важно известување!

На 15.09.2016 во 15:00 часот, време по сервер, ќе биде воведена значајна промена во времињата за користење на некои услуги во играта. Промената опфаќа намалување на задолжителниот период на чекање помеѓу 2 користења на модулите. Нивната моментална употреба е ограничена до 1 пат на 24 часа. После промената ќе може да се употребуваат по 1 пат на 12 часа со следното ограничување - една употреба помеѓу 00:00 и 12:00, време по сервер и една употреба помеѓу 12:00 и 23:59, време по сервер. Промената ќе влијае на следните подули:
- верварски кампови - на глобалната мапа ќе се појавуваат 2 пати почесто
- отворање на ковчези од варварски кампови
- тркало на среќата
- сите видови ковчези од инвентарот
- 10-часовно производство
- подароци од храмот


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on October 12, 2016, 11:26:46 AM
Промени кај ковчезите со ресурси

Следните промени во логиката на ковчезите со ресурси ќе бидат воведени во сите светови на 18.10.2013 во 15:00, време по сервер:

1. Содржината на сите ковчези, еквивалентна на одредено часовно производство, ќе се пресметува според производството во моментот на добивање на ковчезите и нема динамично да се променува со промената на приходот.
2. При рестарт на свет, ковчезите во новата ера ќе се пренесуваат со минимално количество ресурси според нивниот часовен еквивалент. Минималните количества можете да ги видите во екранот за информација во Инвентарот.

Напомена! Сите ковчези, добиени пред часот на промената, ќе продолжат да се пресметуваат динамично додека не бидат употребени!


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on October 26, 2016, 14:25:36 PM
Промени во нападите на сојузните поседи

Драги играчи, би сакале да ве известиме дека од 27.10 во 15:00 часот, време по сервер, играчите нема да имаат можност да напаѓаат сојузни поседи со својата лична војска. Сојузните поседи (собирни пунктови и замоци) ќе можат да бидат напаѓани само со војски од други сојузни поседи.


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on November 23, 2016, 15:41:27 PM
Промени кај чудата (11.11.2016)

Ваши Височества,

Империјалното Министерство за Изградба на споменици организира вонредна пресконференција во која изјави дека беа воведени следните промени за 7-те Светски чуда:

1. Секој играч кој влегува во топ 50 во рангирањето по нивоа на дадено чудо, ќе добива персонален, намален ефект од бонусот на соодветното чудо. Распоредот е како што следува:

- Играчот со највисоко ниво на чудото добива 100% од ефектот на чудото. Истиот ефект го добиваат и сите негови сојузници;
- Играчот рангиран на 2-ро место добива 100% од ефектот на чудото, но само за сопствениот профил;
- Играчите рангирани од 3-то до 20-то место добиваат 80% од ефектот на чудото, но само за сопствените профили;
- Играчите рангирани од 6-то до 10-то место добиваат 60% од ефектот на чудото, но само за сопствените профили;
- Играчите рангирани од 11-то до 20-то место добиваат 40% од ефектот на чудото, но само за сопствените профили;
- Играчите рангирани од 21-во до 50-то место добиваат 20% од ефектот на чудото, но само за сопствените профили;

2. Ако играч веќе добива ефект од чудо на сојузник, не може да добие и персонален ефект од истото чудо.
3. Еден играч продолжува да може да владее само едно чудо со сојузен ефект, но може да добива персонален ефект од сите други чуда, доволно е да е рангиран во топ 50 на рангирарањата и да не користи сојузен ефект од нив.

Добродојдовте во новата и подобрена Земја на чудата!


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on November 24, 2016, 14:40:09 PM
Брзо пребарување на варвари

Глобалната мапа се разделува на 2 дела - преглед на Глобалната мапа и Брзо пребарување на варварски кампови. Брзото пребарување на варварски кампови покажува до 3 најблиски кампови од секое достапно ниво и дозволува извршување на брзи дејства без да е неопходно да се преминува низ самата мапа.


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on December 15, 2016, 15:53:37 PM
Промени во играта

1. Играч кој се кандидирал за лидер во сојуз треба да почека 24 часа после крајот на изборите за да може повторно да се кандидира.
2. Играч што го напуштил или бил исфрлен од сојузот, треба да почека 24 часа од излегувањето од сојузот за да може да ги напаѓа бившите сојузници. Важи и обратниот случај - бившите сојузници не можат да го напаѓаат играчот што го напуштил/бил исфрлен од сојузот во првите 24 часа после неговото излегување.
3. Лидерот на сојуз добива право да отстранува споделени ознаки.


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on January 13, 2017, 12:00:30 PM
Нови медали

Почитувани благородни воини!

Империјалното Министерство на Воените Успеси и Признанија најпосле ќе ги овековечи најголемите воини помеѓу вас!
Нека сите да знаете дека од денес ќе се доделуваат 2 нови вида медали после крајот на секоја ера:
 • Најкрвав воин - му се доделува на играчот што завршил со најмногу битки на денот;
 • Воинот над сите воини - му се доделува на играчот што завршил со најмногу воени поени;
Ако има играчи кои завршиле со еднаков резултат, ќе биде доделен медал на секого од нив. Овие медали ќе им бидат доделени ретроактивно на сите кои ги исполнуваат условите!
Вие ги заслуживте!

Сила и чест!


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on February 07, 2017, 17:40:38 PM
Промени во Управувањата

Ваши Величества!
На 13.02 ќе бидат воведени следните промени кај Управувањата:


Варваризам

• Прирастот на населението е зголемен од 30% на 50%;
• Единиците се обучуваат 25% побрзо наместо 20%;
• Златото од грабежи и снабдувачка пратка се зголемува од x3 на x4;
• Капацитетот на куќите е намален од -10% на -30%;


Монархија

• Цените и времињата за изградба на воени градби се намалено со 20% наместо 15%;
• Капацитетот на воените станици е зголемен од x5 на x10;


Феудализам

• Капацитетот на фармите е зголемен од 10% на 15%;
• Капацитетот на гарнизоните е зголемен од 50% на 100%;
• Заштитените ресурси и население се зголемени од 20% на 50%;
• Отстранет е негативниот ефект од -10 поени морал во напад;
• Се додава нов негативен ефект за зголемено издржување на војската со 10%;


Империјализам

• Златото од вазали и трговски потенцијал се зголемува од x6 на x8;
• Капацитетот на пазарот се зголемува од 150% на 200%;
• Бонусот на производство на колониите е намален од 20% на 10%;
• Негативниот ефект на издржување на војска е зголемен од 15% на 20%;
• Цените и времињата за изградба на воени градби се зголемени за 15% наместо 10%;
• Ефективноста на провинциите е намалена од -10% на -20%.


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on March 09, 2017, 15:10:04 PM
Претстојни промени кај сојузната шпионажа

Следните промени ќе бидат воведени на 20.03.2017:

1. Сојузните поседи ќе може да се шпионираат само од сојузни шпиони, испратени од други сојузни поседи. Шпионажата на сојузните поседи со лични шпиони повеќе нема да биде возможна.

2. Ефектот на сојузната Шпионажа и Контрашпионажа повеќе нема да зависи само од лидерот. Тие ќе бидат пресметувани според новата формула според која се пресметуваат воените сојузни истражувања: Нивото на Лидерот + Нивото на 1-виот Oфицер/2 + Нивото на секој еден од сојузните Kомандири/5 + Моменталното ниво на сојузното истражување. Ефектот на истражувањата веќе ќе има максимално ниво 100.


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on May 29, 2017, 13:48:11 PM
Нова функционалност
17.05.2017

Среќни сме да го објавиме пуштањето на нова функционалност која ќе Ви помогне во развојот на Вашите вазали - платено зголемување на ниво. Секогаш кога ќе посакате да го зголемите нивото на Ваш вазал, може да платите со ресурси, еднакви на разликата во цената на градбите помеѓу моменталното и следното ниво. Имајте во предвид дека со зголемување на нивото на вазал, исто така се зголемува и војската, распоредена во него. Платеното зголемување на ниво не е достапно кога сте под напад кој заклучува или кога вазалот е под напад.


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on May 29, 2017, 13:49:05 PM
Ново припојување
22.05.2017 11:57:29


Почитувани играчи, воведена е нова функционалност кај припојувањето на провинција. Во зависност од нивото на Централизација кое го имате, ќе имате можност да избирате помеѓу различни стадиуми на почетен развој на новата провинција. Секое ниво Централизација помеѓу 2 и 11 ќе отклучува по еден стадиум. Различните стадиуми се разликуваат по нивоата на градбите кои ги добивате во нив, со тоа што во повисоките стадиуми добивате повисоки нивоа градби за кои соодветно се потребни повеќе ресурси за припојување. Воведена е и промена поврзана со испраќањето на население во новата провинција. Досега имавте можност да испраќате само од невработеното население. Веќе ќе можете да праќате од целото Ваше население со тоа што ќе се зема количество работници, пропорционално на нивниот распоред во рудниците.


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on May 31, 2017, 12:55:26 PM
Повлекување/преместување на војска при сојузен напад

При сојузен напад, бранителот не може да ја премести војската од поседот под напад ако остануваат помалку од 5 секунди до ударот. Соодветно, напаѓачот не може да ја повлече војската ако остануваат помалку од 5 секуди до ударот.


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on May 31, 2017, 12:55:58 PM
Промена во транспортот на ресурси

Воведена е промена во формулата за патување на ресурси помеѓу оддалечени поседи. Таа веќе ќе се базира на растојанието помеѓу поседите и брзината на товарните колички. Ове ќе дозволи ресурсите да патуваат значително побрзо помеѓу оддалечените поседи.


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on December 07, 2017, 12:24:57 PM
Промени кај големите луѓе

1. Рамките на портретите на големите луѓе ќе бидат во различни бои според бројот на вродените таленти на секој голем човек.

2. Воведена е промена кај гувернерските и генералските обуки на големи луѓе. Досегашниот систем дозволуваше даден голем човек да биде обучен само до следното негово ниво. Новиот систем Ви дозволува да го изберете периодот (помеѓу 1 и 48 часа) за кој да биде обучуван големиот човек и според него тој ќе добие одредено количество искуство (опишано во табелата подолу). Секое ниво после првото на Генералски/Гувернерски штаб го зголемува за 5% добиеното искуство од обука. На секои 2 нивоа Генералски/Губернаторски штаб, ќе се дозволува паралелна обука на уште еден голем човек со тоа што на 16 ниво во соодветната градба ќе може паралелно да се обучуваат до 8 големи луѓе.

Основните вредности се за брзина x1 и треба да се помножат со брзината на Вашиот свет:

Часови     Искуство

1          25
2          35
4          55
8          80
12          90
24          135
48          200


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on December 13, 2017, 14:05:37 PM
Ефект на Храмот на пропаста во симулаторот

Императори, чудото Храмот на пропаста беше додадено во симулаторот за да може да го вклучите во симулациите на битки. Се наоѓа во вториот таб Параметри. Храмот на пропаста им дава дополнителен напад во првата рунда на вашите единиците во битка во која учествуваат.


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on January 23, 2018, 14:01:12 PM
Промена кај нападите што заклучуваат

Почитувани играчи, на 30.01 ќе биде направена промена во логиката за извршување на напади што заклучуваат. Следните правила ќе влезат во сила:
Нападите кои заклучуваат ќе работат според нови параметри. Нето вредноста на напаѓачката војска треба да биде најмалку 20% од нето вредноста на бранителот. Заклучувањето ќе се извршува само во последните 10 минути пред ударот, наместо преку целиот период во кој е видлив нападот.


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on January 25, 2018, 10:00:47 AM
Ново правило односно расформирање на лични и сојузни војски

Почитувани играчи, на 26.01 ќе биде воведено ново правило за расформирање на лична и сојузна војска. Функционалноста ќе работи на следниот начин:
Во период од 24 часа, сметан од моментот на последното извршено расформирање, може да расформирате војска чијашто нето вредност не надминува 25% од нето вредноста на моменталната војска. Во случај да сте расформирале помалку од овој процент, нето вредноста на секоја дополнителна војска со која сте се здобиле во овој период, ќе се додаде кон моменталната и ќе се зема во предвид до достигнување на лимитот за расформирање.


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on January 30, 2018, 13:54:54 PM
Во врска со нападите што заклучуваат

Почитувани играчи, новите правила за напади што заклучуваат, објавени со новост од 21 јануари - "Промена кај нападите што заклучуваат" се веќе во сила. Како резултат на тестови кои ги направивме, решивме да ги направиме следните промени кај сојузните напади, поврзани со процентите од вредноста на сојузот:


Кај сојузни напади, нето вредноста на напаѓачката војска треба да е најмалку 1% од вредноста на сојузот бранител ((таа е видлива во таб Рангирање, таб Сојузи), со тоа што бројот единици кои ги праќа напаѓачот треба да е минимум 50 000. Заклучувањето ќе се извршува само во последните 10 минути пред ударот, наместо во текот на целиот период во кој е видлив нападот.

Правилот за заклучување кај индивидуалните напади останува така, како што го објавивме порано: Нето вредноста на напаѓачката војска треба да биде најмалку 20% од нето вредноста на бранителот. Заклучувањето ќе се извршува само во последните 10 минути пред ударот, наместо преку целиот период во кој е видлив нападот.


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on April 20, 2018, 14:40:52 PM
Нови Големи луѓе

Почитувани играчи, со задаволство го објавуваме додавањето на неколку нови Големи луѓе, кои ќе можат да бидат регрутирани од сите. Тие се нацртани во чест на императорите, кои се натпреваруваа смело во последното издание на Инвазија на номади и завршија на врвот на рангирањето. Ве молиме поздравете ги:


Александар Невски во чест на играч AL_GRANN,
Давид Батиста во чест на играч REPAPASITO,
Катја Русија во чест на играч IMXO_o,
Кнегиња Олга во чест на играч fsbshnica,
Максимус Ивановскиј во чест на играч Professor99,
Павлин Бојков во чест на играч pino82,
Виктория Шкурик во чест на играч Shkyrik.ru и
Волисон Соуза во чест на играч Darthwall.

Сите тие можат да го добијат уникатниот талент Безмилосен кој дава 15% на нападот на сите единици во битки против варвари. Овој талент е ексклузивен за нив и ниту еден друг Голем човек не може да го поседува. Новите Големи луѓе можете да ги регрутирате преку Империјален медалјон.
Сила и чест!


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on July 11, 2018, 09:16:04 AM
Нови правила за оддалечените поседи
28.05.2018 14:25:23


Почитувани играчи, од 01.06 во 15:00 часот, време по сервер, влегуваат во сила нови правила во врска со пребарувањето на оддалечени поседи. Досега сите оддалечени поседи можеа да бидат откриени преку преглед по глобалната мапа или преку истражувањето Извидување. Новите правила вклучуваат:

- оддалечените поседи ќе бидат видливи на тактичката мапа;
- оддалечените поседи ќе бидаат видливи во менија Шпионажа и Напад, кога ќе биде избран конкретен играч;
- сојузните собирни пунктови ќе бидат видливи во мени Напад, кога ќе биде избран конкретен сојуз;

Новите правила се однесуваат на сите оддалечени поседи со исклучок на вазалите.


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on July 11, 2018, 09:17:48 AM
Промени во турнирите
06.07.2018


Следните промени кои се однесуваат на турнирите, кои важат од 09.07:

1. За турнири од видот Развој
- поените кои се освојуваат за започнатото истражување ќе бидат изгубени, ако истражувањето биде откажано;
- поените кои се освојуваат за започната оизградба на градба ќе бидат изгубени, ако градбата биде откажана.

2. За турнири од видот Обука на војска
- поените кои се освојуваат за започната обука на војска ќе бидат изгубени, ако обуката биде откажана.


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on July 11, 2018, 09:18:38 AM
Промени кај Контрашпионажата
09.07.2018


Следните промени кај Контрашпионажата влегуваат во сила од 09.07:

- Ќе гледате каква шанса имате да фатите непријателски шпиони во мени Контрашпионажа. Шансата се базира на формулата за шпионажа која го зема во предвид бројот на шпионите на двете страни, како и нивоата Шпионажа на напаѓачот и Контрашпионажа на бранителот.
- Нема да гледате противнички шпиони во посед, освен ако немате сопствени шпиони кои се распоредени таму. Досега противничките шпиони се гледаа дури и да немате никакви шпиони.
- Нема да го гледате името на сопственикот на шпионите ако Вашата шанса да го фатите е помала од 5%.
- Ако во Вашата империја има инфилтрирани шпиони, ќе имате шанса да добиете порака која известува за присуството на противнички шпиони. Оваа шанса повторно зависи од формулата за шпионажа која го зема во предвид бројот на шпионите на двете страни, како и нивоата Шпионажа на напаѓачот и Контрашпионажа на бранителот.


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on July 11, 2018, 09:19:49 AM
Отстранување на медали и награди за битки на денот
11.07.2018

Почитувани воини, медали и награди во дијаманти за битки не денот во напад и одбрана веќе нема да се доделуваат. Промената важи за веб и мобилните светови во верзија 6.


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on July 17, 2018, 07:45:21 AM
Промени во лига Градби

Следните промени кои се однесуваат на лига Градби, ќе бидат воведени во понеделник 23.07:

- поените, добиени за градби, добиени како дел од територијалното раширување (основање на колонија/трговска станица/воена станица), ќе бидат изгубени ако поседот биде уништен од неговиот сопственик.


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on July 18, 2018, 12:54:58 PM
Шаблони за војска во мени Напад

Почитувани играчи, од денес можете да го користите новиот додаток во екранот за испраќање на напади - шаблони за Вашата војска. Еве како работат тие во неколку кратки чекори:

1. Изберете ги единиците и формацијата кои сакате да бидат зачувани во шаблон. Генерали и предмети НЕ се зачувуваат во шаблони.
2 Кликнете на копчето за зачувување на шаблон и изберете позиција во која сакате да го зачувате. Може да запишете и кратко име на шаблонот кое ќе се покажува во тултип кога ќе го прегледувате шаблонот.
3. Следниот пат кога повторно ќе бидете во екран Напад, може да го изберете само посакуваниот шаблон и војската од него ќе биде автоматски пополнета. Ако нема доволно војска за целосно пополнување на шаблонот, може да изберете делумно пополнување со достапните единици.
4. Ако сакате да ослободите некој шаблон, можете да кликнете на копчето за бришење и потоа да го изберете шаблонот што сакате да биде избришан. Исто така имате можност и да зачувате нова конфигурација на војска врз веќе постоечки шаблон.


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on September 03, 2018, 14:05:40 PM
Промени кај наградите од нивоа
22.08.2018


Почитувани играчи, би сакале да објавиме неколку промени кај наградите кои ќе ги добивате при зголемување на нивото на Вашиот профил. Наградата за ниво 50 се променува од позадина за преземање на бонус Човек на законот 2, кој го намалува времетраењето на анрхијата за 50%. Наградата за ниво 60 се променува од MP3 музика на нов бонус Благословен, кој ги зголемува подароците кои ги добивате од храмот за 10%. Наградата за ниво 80 се прменува од маица на ваучер кој содржи 150 000 заработени дијаманти.


Title: Re: Промени и поправки на проблеми
Post by: Angela on September 03, 2018, 14:06:22 PM
Воин на денот
28.08.2018


Драги императори, би сакале да ве изненадиме со нова награда за којашто би можеле да се борите - Воин на денот. Таа ќе се доделува за исклучително воено претставување секој ден. Секој играч ќе биде оценуван според неговите битки против други активни играчи. Освоени воени поени, ограбено население, разлика во поените помеѓу страните учесници и број на загубите се земаат во предвид. За оваа награда е потребно во светот да биде спроведен одреден минимум од уникатни битки - во спротивен случај таа нема да биде доделена. На крајот на ерата на играчот со најмногу награди Воин на денот ќе му биде доделен и медал!