Imperia Online International

Other Forums => Пренос во живо!!! => Topic started by: tock.a on August 01, 2013, 20:31:59 PM



Title: Крај на Светското Првенство!
Post by: tock.a on August 01, 2013, 20:31:59 PM
Дојде и да не речам очекуваниот и посакуваниот крај и на ова издание на Светското Првенство. Македонија е нашиот шампион, преставниците наши херои. Македонците рамо до рамо со силните репрезентации, со таа разлика што првите 10 пред се имаа добар почеток од 50 000 дијаманти и добра куповна моќ на истите. Нашите херои покажаа дека не е се до дијамантите, туку дека се е до уиграноста на екипата и многуте непреспани ноќи што самото натпреварување го бара за успех. Ќе ви покажам со неколку слики дека сложноста и екипа од 6 луѓе ја презентираше Македонија пред цел свет онака како и доликува. Секој тим од првата страна на ранг листата имаше по 15 играчи за разлика од нашите само 6, водечките профили во МК тимот. 5 неактивни профили, и 4 профили кампањско играње. Сите ветуваа на квалификациите, меѓутоа од ветувања до реализација има голема разлика. Сите играат низ други светови на ИО, меѓутоа само најдобрите 6 го изиграа ова елитно натпреварување како треба. Не споменувам имиња ќе се пронајдат сами оние што ветуваа а ништо не направија.
Македонија со голем подем од претходното Светско до ова, Македонија заврши 13 по економски поени, но 7 по воени поени. Двете позиции што ги заземаа се огромен успех за нашите преставници, за гордоста на Македонија во оваа игра.
Неможам да не ја споменам back1 - посветена, пожртвувана и најзаслужна за позицијата на која се наоѓаме моментално на ранг листата која сите земји од светот ја погледнаа. Да имаа Македонците уште 2-3 back1 ќе беа сигурно меѓу првите 5. Честитки за најдобрата девојка back1, која несебично ги развиваше сите неактивни профили во МК тимот и ги чуваше и активните нормално во смени меѓутоа сепак најтешката задача во сојузот ја имаше нашата воинка back1.  *rose*
Голема благодарност до нашиот CM, Ангела без твојата несебична подршка и помош Македонија немаше да биде ова што покажа дека е.  *rose*
Лидерот conevski1 - http://prntscr.com/1irv4p
Првиот официр Ivo5 - http://prntscr.com/1irvf6
Нашиот научник trenaT - http://prntscr.com/1irvly
Командир back1 - http://prntscr.com/1irum9
Командир El_Moro - http://prntscr.com/1iruu0
Архитектот Devils_May_Cry - не успеав да најдам слика од неговите постигнувања
Неможам да не ги споменам veda05, nofaceoff, LS7LFC, а останатите па не би ги споменал. Светското првенство заврши, шампиони се Хрватска на првата позиција, втората позиција припаѓа на Полска, а трети се Италија. Честитки на победниците и сите учесници.
А наши ШАМПИОНИ се Македонија - http://prntscr.com/1irvrf  *bravo*  *bravo*  *bravo*


Title: Re: Крај на Светското Првенство!
Post by: Zsigmund on August 01, 2013, 22:39:46 PM
Би се обратил како дополна или продолжение на она што погоре мојот колега го напиша... Вистински и реално Ви ја долови и доближи сликата, односно сагатa на Македонскиот тим кој постигна голем успех на веќе завршеното Светско Првенство во Империја Онлајн во 2013 година. Ја пофали извонредната back1, која покажа сила, моќ и знаење на кое што завидуваа многу големи играчи кои ја познаваат оваа игра. Безпотребно е да зборувам за нашата хероина, кога сликите кои се погоре поставени се одлика на нејзиниот ангажман околу МК тимот... *rose*
Патот до успехот го пробија и изодеа водечките 6 профили, со помош на уште 4 играчи кои беа рамо до рамо со нив и го дадоа својот максимум во вкупниот финален резултат. Тоа што нашите играчи ги кочеше во можниот поголем успех, беа квази репрезентативци (вкупно 5), кои не заслужуваат воопшто да ги споменувам.
 
Најважното е тоа што покрај имињата на нашите играчи кои вистински ја претставуваа Македонија на Светското првенство, се впишани бројки кои се за почит и кои се ивојувани во конкуренција на најдобрите од ИО. Тие бројки ќе бидат тешко достижни, но се надевам дека еден ден ќе ги красат профилите на нашите наредни претставници!


Title: Re: Крај на Светското Првенство!
Post by: _Master_ on August 02, 2013, 10:03:56 AM

И да заврши и овогодинешното Светско првенство во Империја Онлајн. Едно браво, па уште едно браво, па и едно големо БРАВО за дел од Македонската селекција. Мојте шефови погоре се убаво ви напишале и нацртале, само 6 луѓе го изиграа светсково...ама тоа е тоа. Здравје до година повторно, па можеби следната овие 6 луѓе ќе го играат светското и со дупли акаунти  *hihi*. А сега еден голем аплауз дека на бината ќе искочат conevski1, ivo5, back1, el_moro, trenat и devils_may_cry па поздравете ги на начин на кој им доликува.

Знаете кој ден е денес така 2 Август ? 2 Август 1903 - 2 Август 2013, запаметете дека Македонија на најголемиот националистички празник го забележа и својот најдобар пласман во ИО. Е сега ставете го вашиот показалец (не е битно кој дали лев или десен) на главата, и размислете на секунда "Што ќе направеа овие дечки доколку имаа 50 000 дијаманти ?"

И сите Вие го знаете одговорот на ова прашање. Сигурен пласман во ТОП 10 или би можел и комотно да кажам ако не и во ТОП 5. Ама ајде здравје, на следното првенство направите добро дело, ако ги забележите овие дечки повторно да играат, одвојте едно иљадарче купете едно пакетче од 500 дијаманти и донирајте.

Со Ваша помош како 16-ти играч, Македонија секогаш може подобро. Ми беше задоволство што другарувавме изминатиов период, се читаме, гледаме, слушаме, пееме до следното Светско Првенство во ИО.

Сега одам да прославам со гореспоменатите дечки.......  *drunk*