Imperia Online International

Other Forums => Пренос во живо!!! => Topic started by: Angela on June 27, 2013, 13:54:47 PM



Title: Бран 22
Post by: Angela on June 27, 2013, 13:54:47 PM
Commoner


Title: Re: Бран 22
Post by: vBorce on June 27, 2013, 16:05:55 PM
Добар ден драги читатели.

После нападот на robusta, само 760 империјалци успеаа да го одбранат ударот кој што им зададе поприлично многу главоболка на многу играчи ... Дали ова значи дека веќе почна да попушта империјалската војска, останува да видиме со следниот напад, кој го задава Commoner. Тој иде со грабеж во три провинции. Дали ова ќе претставува дополнителен проблем за оние 760 преживеани империјалци ... или не ... останува да видиме...

До тогаш, спремете ја добро војската, имате уште неполни 24 часа.

Со среќа.

vBorce


Title: Re: Бран 22
Post by: Seducer- on June 27, 2013, 18:34:19 PM
Добар ден драги читатели

Вчерашниот номадски освојувач направи сериозна штета како што и споменав ве претходната статија.
Мегутоа целокупната натамошна борба се сведува на лична сатисфакција, дали нашите борци сакат да ги завршат квалификациите без пораз. Mегутоа некои ја ставија гордоста на страна и ја ставија целата војска во главната провинција и оставаат само да поминат нападите. Неможиме да ги критикуваме и тие борци бидејќи вејќе ја остварија нивната цел, тие се квалификуваа на наредното светско првенсто. А тоа е најбитната ствар и за тоа се борат нашите воини.
 Денешниот предизвик е стариот добар Commoner, единственото добро нешто е што доаѓа со војска која воопшто не ме импресионира, со многу стрелци и солидна конјаница лесно можи да се победи, само треба да се има храброст. На ранк листата останаа уште само 5 мина непобедени во одбрана, браво за нив  *bravo* *bravo*
Се надевам ке продолжат така до самиот крај.

Се до наредната наша средба

 *rose*Вашиот драг репортер Seducer- *rose*


Title: Re: Бран 22
Post by: nofaceoff on June 27, 2013, 19:11:24 PM
   Добар ден

Како што може да се види горниот дел на табелава ТоП 10 е непроменет и по мое мислење нема да се смени до крајот ,а каде што занимиливо е доста во долниот дел на табелата . Голема битка има околу последниве 13,14,15 место кој ке ја преставува нашава држава . Повеќе играчи се во игра така да една грешка можи да биде фатална . Останува да го дочекаме следиов напад така да припремајте се добро и да се надеваме дека се ќе биде по вашиот замислен план .

nofaceoff


Title: Re: Бран 22
Post by: Zverce on June 27, 2013, 19:43:21 PM
Поздрав воини,драги читатели!

Помина 21-от бран на напади,резултатите се очекувани во овој дел од квалификациите,
се прават последните планови како да се издржи само уште 4 дена во најголемиот натпревар за избор на најдобрите!
Нашите 5 воини сеуште се без ниеден пораз,искрени честитки за вашиот досегашен постигнат успех *rose*

Во утрешниот ден империјаните ќе војуваат со Commoner кој има испратено 3 паралелни грабежи.
Овој номад ќе се обиде да одземе поголем број на население,како би ги намалил економиите на квалификантите,
да нанесе пореметувања во одржувањето на војската,секој нов ден е се потешко кај некои од учесниците да се одржи нормален баланс.

Топ 10 во моментов изгледа вака:

1.conevski1      609 398
2.Ivo5             569 170
3.back1           479 137
4.El_Moro         476 631
5.trenaT          474 456
6.Seducer-       224 859
7.balkannomad  206 674
8.veda05         195 313
9.boko96         119 434
10.nofaceoff    111 589

Воини,Македонци,спремајте се за светско првенство...


Zverce


Title: Re: Бран 22
Post by: cukcukovski on June 27, 2013, 20:19:36 PM
Поздрав македонски воини!

Помина уште еден бран кој беше доста интензивен , ги оправда очекувањата ама не успеа да зададе пораз на нашата златна петорка.
robusta ги помина нашите тврдини, но еве нови три напади на честа , ке успееме ли да си го одбраниме населението или ке му дозволиме на Commoner да си го земе својот данок?  Доаѓа со три напади со бројна армија од 67000 војници! Колку што  е подобро ранѓирањето, толку е поголем и нападот!

Топ 10 во моментот изгледа вака:

1   conevski1   609 398   200 %
2   Ivo5           569 620           199 %
3   back1        479 729           198 %
4   El_Moro   476 631   197 %   
5      trenaT   474 456   196 %
6   Seducer-   224 859   195 %
7   balkannomad   206 674   194 %
8   veda05   195 313   193 %
9   boko96   119 434   192 %
10   Devils_May_Cry   114 136   191 %

Само напред воини! Целта ги оправдува сретствата!
Се одбројуваат и последните напади до крајот на квалификациите и почетокот на светското првенство во империа онлајн!

Голема благодарност до сите што имаат на било кој начин помогнато на некого , само напред браќа мои !
  искрено и со почит
      devils_may_cry


Title: Re: Бран 22
Post by: Madzoism on June 27, 2013, 22:25:55 PM
Добра вечер почитувани.
Исходот со оглед на составот на војската со кои robusta ги напаѓаше империјаните воопшто не треба да ве изненади,  31 610 победи и 760 порази забележаа серверите на ИО. Од првата петорка на македнонската ранг листа само back1 има забележано 3 порази додека останатите се држат, а што се однесува до back1 сигурен дека во прашање биле некои калкулации или била спреченa и покрај нејзините напори да дојде до компјутер  *hahaha*.
Следниот напад го предводи Commoner, војската со која напаѓа се состои од 10 000 копјефрлачи, 10 000 тешки копјеносци, 5 000 тешки стрелци, 5 000 елитни стрелци, 5 000 катафракти стрелци и 100 балисти. Изгледа дека доста оптимистички размислува овој дечко, составот на војската би рекол дека воопшто не му е добро избалансиран и очекувам да помине доста полошо од неговите соборци кои нанаесоа тешки порази во претходните два брана.
 Ви посакувам богат воен плен драги натпреварувачи и немојте да се опуштате.

b_mad


Title: Re: Бран 22
Post by: trenat on June 28, 2013, 11:49:37 AM
Добар ден воини!

Некако го преживеавме претходниот бран.Тешко ама издржавме.Се уште 5 од нашиот топ10 се без пораз,а дали така и ќе остане?
Мислам дека да.Commoner доаѓа пак да ги завие жените на селаните во црно,со многу стрелци и катафракти стрелци мислиш е Робин Худ.
Но со доста коњи(паладини) кој има, успешно може да се спротивстави.На врвот ништо ново,а борбата за последниот воз за во екипата што ќе ја претставува нашата земја на светското се заострува.Ајде момци издржете уште 4 брана сосе овој.

Тренат


Title: Re: Бран 22
Post by: _Master_ on June 28, 2013, 14:59:42 PM
Полека но сигурно привршуваат и последните напади од самиот квалификациски циклус. Остануваат уште последните 2-3 позиции кој се раздрмани, и за кој најверојатно во последниот бран ќе знаеме кој ќе бидат учесници. На пат кон империјанските полиња се упатува Commoner, за разлика од последниот бран очекувам во овој напад империјаните да забележат повеќе од 760 победи. Но за тоа ќе дознаеме за нешто помалку од 1 час.


Останете со репортерскиот тим на империја онлајн.