Мега Блиц x10 Дефиниција: Блиц светот ги следи правилата и механиката на Империја Онлајн, но брзината на игра е помножена со 10, тоа значи дека развојот на профилите е 10 пати побрз од тој во свет со нормална брзина.
Производство х10 - 10 пати поголемо количество ресурси се произведува за 1 час од 100 работници, имено - 100 дрво/ 20 железо/ 50 камен.
Приход на злато x10 – 10 пати поголемо количество на извлечено злато од данок за 1 час од 100 работници, имено:
Втора стапка (многу низок) – +10 злато
Трета стапка (низок) – +20 злато
Четврта стапка (среден) – +30 злато
Петта стапка (висок) – +40 злато
Шеста стапка (многу висок) – +50 злато
Прираст на население x10 – бројот на население се зголемува 10 пати побрзо, но лимитите на население кај Номадите и капацитетите на куќите кај Империјаните, остануваат исти.
Задоволството не е под влијание на брзината на игра.
Миграцијата не е под влијание на брзината на игра.
Времето за изградба и истражување е поделено со 10.
Моменталната изградба е достапна ако преостануваат само 48 часа, а моменталното истражување - 12 часа*.
* Ова е основниот лимит. Колку е повисок развојот, нето економските поени и бројот на потрошени дијаманти за моментално истражување, толку е повисок лимитот.
Транспортот на ресурси помеѓу припоените провинции додека има напад е 5 минути. Во мирни времиња, може да биде моментален.
Каматата на банката е ограничена до 30 000 000 на ден.
Кредитите од банката нудат 10 пати поголеми количества, а периодот за исплаќање е 168 часа.
Платеното 10-часовно производство може да се добива на секои 24 часа. Количеството на добиени ресурси е 10 пати поголемо од тоа во свет со нормална брзина, бидејќи производството е x10, но цената останува иста - 10 дијаманта.
Колонизаторите патуваат 10 пати побрзо до избраното место, а времето за градење колонија е 1 час.
Времето за обука на единици е 10 пати пократко.
Брзината на единиците е 10 пати поголема.
Издржувањето е 10 пати повисоко.
Најкратката мисија е 10 минути во мирни времиња.
Патувањето помеѓу припоените провинции и до независните провинции одзема 2,5 минути додека сте под напад; 1 мин и 15 секунди, додека непријателски сојузен член напаѓа, и сѐ уште може да биде моментално во мирни времиња.
Периодот за ненапаѓање на независните провинции, кои сѐ уште имаат ресурси, е 10 пати пократок.
Провинција може да биде ограбувана еднаш на секои 17 часа. 4 грабежи може да бидат направени од еден играч на секои 24 часа.
Капитулацијата продолжува 17 часа. Играч “x” има право да капитулира од играч “y” само ако 5 часа пред капитулацијата, “y” го нападнал “x” најмалку еднаш, а “x” не го нападнал “y”.
Автоматски генерираната чест е +3 за Офицери-Дипломати и 2 за сите преостанати играчи.
Стадиумите на статусот за Лојалност се поделени со 10, па соодветното Задоволство и Специјални бонуси се добиваат 10 пати порано во ерата.
Времетраењето на војната е 17 часа. Периодот на затишје помеѓу објавувањето и активирањето на војна е 1 час.
Најкратката воена мисија за време на војна е 10 минути.
Провинција може да биде ограбувана на секои 8 часа во војна.
Периодот на затишје (без напад) на новооснованите/освоени сојузни поседи е сѐ уште 1 час.
Лидерот и Првиот офицер може да унапредуваат/деградираат членови ако поминале најмалку 17 часа од последното унапредување/деградирање.