Imperia Online International

Other Forums => Новости => Topic started by: Angela on November 09, 2012, 14:33:19 PM



Title: Казни во Империја Онлајн
Post by: Angela on November 09, 2012, 14:33:19 PM
Играчите се казнуваат за следните прекршоци:

- мултипрофили – поседување повеќе профили во ист свет
- account pushing – добивање ресурси, воени поени или чест преку договорени битки со други играчи
- договорени битки за добивање ресурси, воени поени и чест
- илегална трговија – секое продавање ресурси по екстремно ниски цени со цел да ги купи некој пријател
- испраќање навредливи пораки
- создавање навредливи профили
- екстремно прекршување на правилата на форумот

Воведени се нови казни во Империја Онлајн.
Повеќе не постои бан како начин на казнување. Се блокираат мултипрофили или профили кои што повеќе пати ги прекршиле правилата.

Сега постојат казни за:
- заклучување на Пазарот за 24 часа, 168 часа, еден месец и до крај на ерата  (играчот не може да продава или купува ресурси),
- бан на нападот за 24 часа, 168 часа, еден месец и до крајот на ерата (играчот нема да може да напаѓа активни играчи)
- казна за нелегална работа во врска со купување дијаманти (играчот нема да може да ги пренесува купените дијаманти на другите профили)

Навредливите пораки и профили се казнуваат со:
- прва навреда – играчот не може да испраќа никакви пораки 24 часа
- втора навреда – играчот не може да испраќа никакви пораки 168 часа
- трета навреда - играчот не може да испраќа никакви пораки 1 година


Системот е апсолутно непристрастен, казните се даваат на основа на цврсти докази и факти.
Не не интересира дали е некој брат, чичко, тетка, мајка, деца итн.
Ако постојат доволно докази ќе биде казнет.

Причината за казната може да ја добие само казнетиот играч и никој друг. Особено немојте да очекувате дека причината за казна ќе биде објавена на форумот.
Кога барате проверка за некој, имајте на ум дека и вашиот профил може да биде проверен.
Секој профил може да биде проверен од ИО тимот без посебно барање.
ИО тимот го задржува правото да не дава објаснување за казната на одредени играчи.