Imperia Online International
May 04, 2024, 03:10:07 AM *
Welcome, Guest. Please login or register.
Did you miss your activation email?

Login with username, password and session length
 
   Home   Help Search Login Register  
Pages: [1]   Go Down
  Print  
Author Topic: Сојуз  (Read 1112 times)
0 Members and 1 Guest are viewing this topic.
tock.a
Trusted Member
*

Karma: +45/-13
Offline Offline

Posts: 142


« on: November 11, 2012, 18:36:34 PM »

Зошто не можам да се вратам во мојот сојуз?
   Придружување кон ист сојуз е возможно само 2 пати во тек на една ера, без никакви исклучоци.

Се обидов да поканам играчи во сојузот, но системот постојано покажува дека немаме место за нив. Зошто е тоа така, а имаме повеќе нивоа Администрација од членови?
   Бидејќи имате неактивни играчи (играчи кои што не се пријавиле во нивните профили од претходната ера) кои не можете да ги видите додека Лидерот не достигне преку 1000 нето економски поени. Морате или да подигнете ниво Администрација или да почекате Лидерот да достигне 1000 поени и да ги исфрли.

Имаме 20 членови, а само едно ниво Администрација. Како е тоа возможно?
   После рестартирање на светот, сојузите остануваат исти, заедно со сите играчи, а сојузничките истражувања се 0. Затоа за да поканите повеќе членови, потребно е да подигнете 5 нивоа Администрација наместо 1.

Зошто служи Ризницата?
   Служи за собирање дијаманти, кои што сојузниците можат меѓусебно да ги поделат за лична употреба, како и за собирање ресурси кои се инвестираат во сојузнички истражувања и сојузички градби во сојузничките поседи.

Изгледа не можам да донирам повеќе ресурси во Ризницата. Како да го поправам ова?
   Подигнете ги нето економските поени.

Што е вредност на Сојузот?
   Вредноста на сојузот според моменталните нето економски поени, т.е. - златниот еквивалент инвестиран во сојузнички објекти и поседи: истражувања, градби и војници /1000.

Добив покана за сојуз, но не можам да ја прифатам. Пропуштам ли нешто?
   Сојузот каде што сте поканети нема слободни места за нови членови. Тие мораат или да подигнат Администрација или да исфрлат некој член.

Како можам да испратам војска за да помогнам на мој сојузник?
   Војска можете да испратите само како засилување во колонија на свој сојузник.

Како можам да испратам ресурси за да помогнам на мој сојузник?
   Можете да испратите само злато. За тоа се потребни товарни колички и Транспортна Станица, отворена во подменито 'Пренесување злато'.

Пробувам да испратам злато на сојузник, но не ми успева. Зошто?
   Или сте го достигнале лимитот за испраќање, кој што е 10% од вашите моментални нето економски поени во златен еквивалент, или вашиот сојузник го достигнал неговиот лимит што може да го прими, а изнесува пак 10% од неговите нето економски поени во златен еквивалент. За да би успеале да му испратите злато, треба да ги зголемите своите поени и/или да примите злато од друг сојузник, и/или тој да ги зголеми поените и/или да испрати злато на друг сојузник.

Планирам да испратам злато на сојузник, меѓутоа изгледа нема да ја добие целата сума. Зошто?
   Пренесувањето злато е оданочено. Колку играчот е поблиску до својот лимит (10% од својот моментален лимит на нето економски поени во златен еквивалент), толку повеќе злато ќе биде изгубено во трансферот. Испраќачот ќе биде известен колку од неговото злато ќе биде изгубено за данок.

Како можам да подигнувам ресурси од сојузничката Ризница?
   Не можете. Во неа може само да ставате ресурси, кои ќе бидат употребени за сојузнички цели. Може да подигнете дијаманти од Ризницата, во случај ако има достапни и лидерот ви поставил квота.

Лидерот ми ја промени позицијата во сојузот и сега добивам помалку Задоволство и/или специјален бонус. Зошто?
   Влегување и излегување од сојуз, како и промената на позиција во истиот сојуз моменталниот статус на Лојалност го доведува до нула , кој што ја одредува големината и на специјалниот бонус и на Задоволството.

Сакам да унапредам мој сојузник. Зашто копчето е неактивно?
   Секое назначување во офицерското или лидерското крило е активно за најмалку 168 часа (84 часа во брз свет и 42 во блиц свет), т.е. не може да ја промените позицијата во сојузот на даден член, ако веќе сте го направиле во последите 168 часа.

Претходниот Офицер-Научник го заменив со сојузник со повисоко ниво Университет. Но, цените за сојузнички истражувања не се намалија. Зошто?
   Влијанието врз сојузничките истражувања на Офицерот-Наука се определува во зависност од големината на неговиот специјален бонус, одреден од статусот на Лојалност. Кога ќе замените Офицер-Наука кој е во втор или трет стадиум на статус на Лојалност, новиот Офицер-Наука ќе биде во првиот стадиум на статус на Лојалност, дури и ако е со повисоко ниво Универзитет, тој нема да ги намали цените, а обратно - потенцијално ќе ги зголеми.

Претходниот Офицер-Изградба го заменив со сојузник со повисоко ниво Архитектура. Но, цените за изградба не се намалија. Зошто?
   Влијанието врз сојузничките истражувања на Офицерот-Изградба се определува во зависност од големината на неговиот специјален бонус, одреден од статусот на Лојалност. Кога ќе замените Офицер-Изградба кој е во втор или трет стадиум на статус на Лојалност, новиот Офицер-Изградба ќе биде во првиот стадиум на статус на Лојалност, дури и ако е со повисоко ниво Универзитет, тој нема да ги намали цените, а обратно - потенцијално ќе ги зголеми.

Кој сојузник би требало да го унапредам во Офицер-Научник?
   Империјан со највисоко ниво Универзитет.

Кој сојузник да го унапредам во Офицер-Изградба?
   Номад со највисоко ниво Архитектура.

Како можеме да го промениме лидерот?
   Еден од членовите треба да се пријави за лидер преку клик на соодветното копче на десната страна од табелата со членовите во мени Сојуз.

Како можам да испратам војска во засилување во Колонија?
   Мени Сојуз >> подмени Колонии. Изберете играч од паѓачкото мени. Изберете колонија со најмалку едно ниво Логистичка База и испратете војска.

Како можам да повлечам моја војска испратена во засилување?
   Од истото место од каде што сте ја испратиле.

Дали војските во засилување и војската од сопственикот на Колонијата заедно се борат во битка?
   Не. Напаѓачот со војските се бори последователно, една после друга, избрани се по случаен принцип (не е воможно да го определите редоследот), а битката со војската на сопственикот секогаш е последна.
« Last Edit: November 11, 2012, 19:11:34 PM by tock.a » Logged

Once you learn to quit, it becomes a habit.
Pages: [1]   Go Up
  Print  
 
Jump to:  

Powered by MySQL Powered by PHP Powered by SMF 1.1.12 | SMF © 2006-2009, Simple Machines LLC Valid XHTML 1.0! Valid CSS!