Imperia Online International
May 25, 2019, 02:31:00 AM *
Welcome, Guest. Please login or register.
Did you miss your activation email?

Login with username, password and session length
 
   Home   Help Search Login Register  
Pages: [1]   Go Down
  Print  
Author Topic: Почнуваат празници и веселби!  (Read 336 times)
0 Members and 1 Guest are viewing this topic.
Angela
Community Manager
*

Karma: +256/-18
Offline Offline

Posts: 3655


« on: October 23, 2015, 16:00:56 PM »

Нова година и Божиќ наближуваат, но пред нив е Ноќта на вештерките!

Ќе се обидеме да внесеме празнично расположение со тоа што малку ќе смениме некои нешта во Империја Онлајн! Еве што Ви подготвивме:

1. Празнични украси на корисничкиот интерфејс!
2. Морничав изглед на Мрачната тврдина!
3. Мрачна жетва - специјален едноседмичен настан!

Мрачната жетва ќе Ве предизвика да нападнете што е возможно повеќе независни градови и варварски кампови. Таа ќе почне во понеделник во 15:00 часот, време по сервер. Секој напад ќе Ви носи бонбони! На крајот од настанот, играчите кои собрале доволно бонбони, ќе добијат специјален подарок - ковчег!
Празнувањето на Ноќта на вештерките ќе продолжи точно една седмица и ќе започне во понеделник, 26.10.2015 г.

Во меѓувреме, почнува и зимата и Империја Онлајн преминува на зимско сметање на времето. Затоа Империјалното Метеоролошко Министерство излезе со официјална изјава!

На 25-ти октомври (недела) во 4:00 часот наутро (време по сервер), Европа преминува кон зимско сметање на времето. Часовникот на серверот ќе се врати за еден час назад (наместо 4ч ќе покажува 3ч.). Поради тоа, нападите и издржувањето на војската ќе бидат запрени на 24.10.2015 во 15:00 часот, време по сервер.
- сите напади испратени пред запирањето ќе бидат вратени;
- сите сојузни војни и премиум членства ќе бидат продолжени со точното време на периодот без напади;
- нема да се зема издржување на војската иако ќе се покажува во статистиката;
- натпреварот за Господари на светот во световите каде што е активен, ќе биде продолжен за 24 часа во случај кога некој сојуз го има потребното влијание;
- известувањето за Мрачната тврдина ќе се појави во сабота наместо во петок и настанот ќе биде активен во недела;

Нападите ќе бидат повторно активни на 25.10.2015 во 15:00, време по сервер.

ВАЖНО: Нападите нема да бидат запрени во Квалификациите на Светското Првенство!

ВНИМАНИЕ: Ви препорачуваме да се најавите во профилот пред да бидат пуштени нападите за да не се пресмета одеднаш издржувањето на војската за времето додека не сте биле онлајн во играта!
« Last Edit: October 23, 2015, 16:01:37 PM by Angela » Logged


Angela
Macedonian Community Manager


Facebook Fan Page
Pages: [1]   Go Up
  Print  
 
Jump to:  

Powered by MySQL Powered by PHP Powered by SMF 1.1.12 | SMF © 2006-2009, Simple Machines LLC Valid XHTML 1.0! Valid CSS!