Imperia Online International
April 25, 2024, 06:47:21 AM *
Welcome, Guest. Please login or register.
Did you miss your activation email?

Login with username, password and session length
 
   Home   Help Search Login Register  
Pages: [1]   Go Down
  Print  
Author Topic: Правила  (Read 1166 times)
0 Members and 1 Guest are viewing this topic.
Angela
Community Manager
*

Karma: +256/-18
Offline Offline

Posts: 3658


« on: June 02, 2015, 10:43:33 AM »

Инвазија на Номадите ера 9

- Почеток на 01.06.2015 во 15:00 часот, време по сервер [ВПГ+2]
- Првиот бран тргнува на 01.06.2015 во 18:00 часот, време по сервер [ВПГ+2] и ќе продолжи 27 часа. Сите наредни бранови ќе продолжат по 22 часа.
- Влезна такса - 20 дијаманти
- Сите учесници ќе добијат по 50 дијаманти во профилите во турнирот.
- Сите учесници ќе имаат активиран премиум за целото времетраење на турнирот.

Општи правила и услови

- Единствено профилите кои имаат повеќе од 500 нето економски поени и кои биле регистрирани најмалку една седмица пред почетокот на турнирот имаат право да учествуваат; официјално вработените во Империја Онлјн немаат право на учество.
- Дозволено е управување со повеќе од еден профил.
- Сите купени дијаманти, преостанати после крајот на турнирот, ќе може да бидат преместени во друг Ваш профил во верзија 6.

Правила на игра во турнирот

- Брзина на развој на Империите - Блиц (x4) – 4 пати побрзо од нормалното.
- Нема напади помеѓу играчите.
- На секои 22 часа против играчите се извршуваат системски испратени напади, ќе има вкупно 30 вакви бранови.
- Додека турнирот е во тек, на Големите луѓе нема да им се паѓаат следните Вештини/Таленти: Љубимец на народот, Логистичар, Колонизатор, Таен агент, Трговец со ресурси, Експерт за транспорт, Мајстор за шпионажа, Специјалист за опсада, Медицински научник, Напаѓач, Бранител, Убиец на генерали, Ограбувач, Запленувач, Управник на воена станица.
- Силата на напаѓачките војски ќе зависи од нето економските поени на нападнатиот играч. Колку повеќе нето економски точки има играчот, толку посилни ќе бидат номадските напади.
- За секој победен варварски камп во рамките на последните 22 часа, играчот ќе добие 1% зголемување на силата на нападот од номадите.
- Битките се пресметуваат на истиот начин како и во другите светови на Империја Онлајн, Верзија 6. Единиците на Номадите немаат капацитет на носивост, тие секогаш ги запленуваат сите ресурси при опсада на тврдина.
- Видовите напади се избираат на случаен принцип и не е задолжително да го зачуваат истиот редослед.
- Ако напаѓачката војска победи во Опсада на тврдина, сите градби на играчот паѓаат за 1 ниво и основната вредност на нивните поени се одзема од моменталните нето економски поени на играчот. Ако некоја градба е во изградба, се отстранува нивото кое е во тек и се одземаат неговите нето економски поени. Куќите не може да паднат под 5-то ниво во Престолнината и под 1-во ниво во другите провинции.
- Секој играч има максимален број животи - 30. За секоја изгубена битка се одзема 1 живот. При загуба на 30-те животи, играчот не може да се натпреварува за големите и специјалните награди.
- Ако номадскиот напад е испратен кон провинција што играчот не ја поседува (пр. нападот е испратен кон Провинција 3, но играчот има само Провинција 1 и Провинција 2), нападот ќе удри во една од провинциите, кои се во сопственост на играчот, избрана на случаен принцип.
- Ако нападот е испратен кон повеќе од една провинција, а играчот поседува само една припоена провинција, војските се собираат и заедно ја напаѓаат таа провинција.
- За секој успешно одбиен напад, играчот добива воен приход еднаков на 50% од уништените непријателски војски во златен еквивалент, разделен подеднакво меѓу ресурсите дрво и железо. Овој приход е достапен само во следните 20 часа после бранот.
- Сите играчи почнуваат со Тврдина 1 и 25 стрелци во гарнизон.
- Максималниот број провинции што еден играч може да ги има е 9: Престолнина + 8 припоени; играчот нема право да припојува и да претвора во вазал надвор од својата ексклузивна зона.
- Моменталните опции - обука на војска, завршување на градби и истражувања, како и транспорт помеѓу провинциите се достапни под напад. Градби, истражувања и војска можат да бидат порачувани во ред за чекање дури и под напад.
- Сите играчи имаат пристап до 10-часовното производство.
- Цените на пазарот ќе бидат фиксни според нивните основни вредности и нема да се променуваат за време на целата Ера. Ќе биде достапна опција за размена на ресурси и под напад. Фиксната трговска провизија е - 15% (петнаесет).
- Нема Советник.
- Нема загуба на Задоволство за изгубена Опсада на тврдина или Битка на поле.
- Нема Оддалечени поседи (Колонии, Трговски станици, Воени станици).
- Нема Таверна.
- Нема Чуда.
- Нема Сојузи.
- Нема Шпионирање помеѓу играчите.
- Нема мод Одмор.
- Нема Празнична заштита.
- Нема историја на битките за други играчи.
- Нема известувања за промени во развојот на империјата.
- Варварските кампови нема да ги напаѓаат играчите.
- Нема да се даваат дијаманти за добиени битки на денот.
- Сите профили на играчите ќе бидат заклучени 40 секунди пред ударот на моменталниот номадски напад.
- Може да ја зголемите силата на Номадските напади до 20% за неограничен број играчи. Може да го засилите нападот по некого само ако тој е моментално рангиран 100 места повисоко или пониско од Вашето место. Максималното засилување на нападот по некој играч може да е до 20%. Засилувањето на напад е возможно само во текот на првите 6 часа од почетокот на бранот. Засилувањето се плаќа само во ресурси.
- Откако ќе удри и ќе се пресмета последниот, 30-тиот бран, сите профили ќе останат заклучени и ќе се формира крајното рангирање.

Рангирање

- Рангирањето е само по нето економски поени.

Logged


Angela
Macedonian Community Manager


Facebook Fan Page
Pages: [1]   Go Up
  Print  
 
Jump to:  

Powered by MySQL Powered by PHP Powered by SMF 1.1.12 | SMF © 2006-2009, Simple Machines LLC Valid XHTML 1.0! Valid CSS!