Imperia Online International
May 22, 2019, 05:33:27 AM *
Welcome, Guest. Please login or register.
Did you miss your activation email?

Login with username, password and session length
 
   Home   Help Search Login Register  
Pages: [1]   Go Down
  Print  
Author Topic: Варварски кампови  (Read 721 times)
0 Members and 1 Guest are viewing this topic.
Angela
Community Manager
*

Karma: +256/-18
Offline Offline

Posts: 3655


« on: September 29, 2014, 10:30:39 AM »

Варварските кампови се нови населби на Глобалната карта, коишто можете да ги откривате и да ги уништувате за да добивате награди. Во секоја одредена територија има точно определен број Кампови и кога некој од нив е уништен, друг ќе се појави во близина. Варварските кампови имаат и уште многу други сосема нови карактеристики, со некои од нив ќе се запознаете веднаш, а некои од нив можат да Ве изненадат покасно.

- Постојат три различни варварски племиња - Разрушители, Завоеватели и Робовладетели, секое со сопствени особини

- Награди: ако успеете да победите Варварски камп, наградите од него ќе ги добиете во Вашиот Инвентар, каде што нема да бидат достапни за непријателите. Наградите можете да ги отворите веднаш или да ги чувате како резерва за посоодветен момент.


Малку повеќе информација за различните племиња, коишто може да ги сретнете:

- Разрушители: овие варвари колат и бесат се што ќе им се најде на патот. Тие се свирепи и подмолни, а војските им се разновидни и погодни за секакви судири. Наградата за уништивање на Разрушителски камп е ресурси.

- Завоеватели: овие племиња се пуштаат по послабите царства, целосно ги истребуваат и се населуваат на нивните огништа. Нивните војски се погодни за преземање на непријателски градови, така што тие имаат малку Коњаница за сметка на множество Пешадија. Наградата за уништување на Завоевателски камп е ресурси.

- Робовладетели: безмилосни номади, коишто го гонат и ловат незаштитеното население за да го користат неговиот робовски труд или да го продадат на уште побезобѕирни "цивилизирани" трговци. Нивните војски треба да се многу подвижни за да можат да извршуваат неочекувани напади и затоа скоро целосно се составени од Коњаница. Наградата за уништување на Робовладелтелски камп е ресурси и Ослободено население.

Новите Варвари се пред портите! Соберете војски, извидувајте ги непријателските кампови и истурете ја врз нив целата ваша моќ, пред тие да соберат сили...бидејќи утре може Вие да клечите пред облечените во кожи племенски водачи и да ги опсипувате со злато за да Ве остават намира...

За повеќе информација, прочитајте http://www62.imperiaonline.org/imperia/game_v6/game/help/?section=glossary&letter=%D0%92#term_523.
Logged


Angela
Macedonian Community Manager


Facebook Fan Page
Angela
Community Manager
*

Karma: +256/-18
Offline Offline

Posts: 3655


« Reply #1 on: February 06, 2015, 20:52:06 PM »

Варварите напаѓаат!

Важно известување до сите благородни воини!

Од понеделник (09.02) понатаму сите варварски кампови на растојание од максимум 50 империјални милји од вас, вклучувајќи ги и тие што се појавиле во ексклузивната зона, ќе започнат да возвраќаат на ударот! Определено ниво варварски камп ќе напаѓа поседи на играчи во одреден дијапазон од поени. Под закана се вашите провинции и колонии, а вазалите, воените и трговските станици се надвор од варварските цели. Колку повеќе кампови сте нападнале, со толку посилна војска ќе ви возвратат! Повеќе информација прочитајте на линкот подолу, лизгајќи ја страницата надолу до дел Варварски кампови.

http://www28.imperiaonline.org/imperia/game_v6/game/help/?section=global_map&speed=4&lang=mk

Сила и чест!
Logged


Angela
Macedonian Community Manager


Facebook Fan Page
Pages: [1]   Go Up
  Print  
 
Jump to:  

Powered by MySQL Powered by PHP Powered by SMF 1.1.12 | SMF © 2006-2009, Simple Machines LLC Valid XHTML 1.0! Valid CSS!