Imperia Online International
February 20, 2019, 15:10:31 PM *
Welcome, Guest. Please login or register.
Did you miss your activation email?

Login with username, password and session length
 
   Home   Help Search Login Register  
Pages: 1 ... 6 7 [8]   Go Down
  Print  
Author Topic: Промени и поправки на проблеми  (Read 10096 times)
0 Members and 1 Guest are viewing this topic.
Angela
Community Manager
*

Karma: +256/-18
Offline Offline

Posts: 3648


« Reply #105 on: January 23, 2018, 14:01:12 PM »

Промена кај нападите што заклучуваат

Почитувани играчи, на 30.01 ќе биде направена промена во логиката за извршување на напади што заклучуваат. Следните правила ќе влезат во сила:
Нападите кои заклучуваат ќе работат според нови параметри. Нето вредноста на напаѓачката војска треба да биде најмалку 20% од нето вредноста на бранителот. Заклучувањето ќе се извршува само во последните 10 минути пред ударот, наместо преку целиот период во кој е видлив нападот.
Logged


Angela
Macedonian Community Manager


Facebook Fan Page
Angela
Community Manager
*

Karma: +256/-18
Offline Offline

Posts: 3648


« Reply #106 on: January 25, 2018, 10:00:47 AM »

Ново правило односно расформирање на лични и сојузни војски

Почитувани играчи, на 26.01 ќе биде воведено ново правило за расформирање на лична и сојузна војска. Функционалноста ќе работи на следниот начин:
Во период од 24 часа, сметан од моментот на последното извршено расформирање, може да расформирате војска чијашто нето вредност не надминува 25% од нето вредноста на моменталната војска. Во случај да сте расформирале помалку од овој процент, нето вредноста на секоја дополнителна војска со која сте се здобиле во овој период, ќе се додаде кон моменталната и ќе се зема во предвид до достигнување на лимитот за расформирање.
Logged


Angela
Macedonian Community Manager


Facebook Fan Page
Angela
Community Manager
*

Karma: +256/-18
Offline Offline

Posts: 3648


« Reply #107 on: January 30, 2018, 13:54:54 PM »

Во врска со нападите што заклучуваат

Почитувани играчи, новите правила за напади што заклучуваат, објавени со новост од 21 јануари - "Промена кај нападите што заклучуваат" се веќе во сила. Како резултат на тестови кои ги направивме, решивме да ги направиме следните промени кај сојузните напади, поврзани со процентите од вредноста на сојузот:


Кај сојузни напади, нето вредноста на напаѓачката војска треба да е најмалку 1% од вредноста на сојузот бранител ((таа е видлива во таб Рангирање, таб Сојузи), со тоа што бројот единици кои ги праќа напаѓачот треба да е минимум 50 000. Заклучувањето ќе се извршува само во последните 10 минути пред ударот, наместо во текот на целиот период во кој е видлив нападот.

Правилот за заклучување кај индивидуалните напади останува така, како што го објавивме порано: Нето вредноста на напаѓачката војска треба да биде најмалку 20% од нето вредноста на бранителот. Заклучувањето ќе се извршува само во последните 10 минути пред ударот, наместо преку целиот период во кој е видлив нападот.
Logged


Angela
Macedonian Community Manager


Facebook Fan Page
Angela
Community Manager
*

Karma: +256/-18
Offline Offline

Posts: 3648


« Reply #108 on: April 20, 2018, 14:40:52 PM »

Нови Големи луѓе

Почитувани играчи, со задаволство го објавуваме додавањето на неколку нови Големи луѓе, кои ќе можат да бидат регрутирани од сите. Тие се нацртани во чест на императорите, кои се натпреваруваа смело во последното издание на Инвазија на номади и завршија на врвот на рангирањето. Ве молиме поздравете ги:


Александар Невски во чест на играч AL_GRANN,
Давид Батиста во чест на играч REPAPASITO,
Катја Русија во чест на играч IMXO_o,
Кнегиња Олга во чест на играч fsbshnica,
Максимус Ивановскиј во чест на играч Professor99,
Павлин Бојков во чест на играч pino82,
Виктория Шкурик во чест на играч Shkyrik.ru и
Волисон Соуза во чест на играч Darthwall.

Сите тие можат да го добијат уникатниот талент Безмилосен кој дава 15% на нападот на сите единици во битки против варвари. Овој талент е ексклузивен за нив и ниту еден друг Голем човек не може да го поседува. Новите Големи луѓе можете да ги регрутирате преку Империјален медалјон.
Сила и чест!
Logged


Angela
Macedonian Community Manager


Facebook Fan Page
Angela
Community Manager
*

Karma: +256/-18
Offline Offline

Posts: 3648


« Reply #109 on: July 11, 2018, 09:16:04 AM »

Нови правила за оддалечените поседи
28.05.2018 14:25:23


Почитувани играчи, од 01.06 во 15:00 часот, време по сервер, влегуваат во сила нови правила во врска со пребарувањето на оддалечени поседи. Досега сите оддалечени поседи можеа да бидат откриени преку преглед по глобалната мапа или преку истражувањето Извидување. Новите правила вклучуваат:

- оддалечените поседи ќе бидат видливи на тактичката мапа;
- оддалечените поседи ќе бидаат видливи во менија Шпионажа и Напад, кога ќе биде избран конкретен играч;
- сојузните собирни пунктови ќе бидат видливи во мени Напад, кога ќе биде избран конкретен сојуз;

Новите правила се однесуваат на сите оддалечени поседи со исклучок на вазалите.
Logged


Angela
Macedonian Community Manager


Facebook Fan Page
Angela
Community Manager
*

Karma: +256/-18
Offline Offline

Posts: 3648


« Reply #110 on: July 11, 2018, 09:17:48 AM »

Промени во турнирите
06.07.2018


Следните промени кои се однесуваат на турнирите, кои важат од 09.07:

1. За турнири од видот Развој
- поените кои се освојуваат за започнатото истражување ќе бидат изгубени, ако истражувањето биде откажано;
- поените кои се освојуваат за започната оизградба на градба ќе бидат изгубени, ако градбата биде откажана.

2. За турнири од видот Обука на војска
- поените кои се освојуваат за започната обука на војска ќе бидат изгубени, ако обуката биде откажана.
Logged


Angela
Macedonian Community Manager


Facebook Fan Page
Angela
Community Manager
*

Karma: +256/-18
Offline Offline

Posts: 3648


« Reply #111 on: July 11, 2018, 09:18:38 AM »

Промени кај Контрашпионажата
09.07.2018


Следните промени кај Контрашпионажата влегуваат во сила од 09.07:

- Ќе гледате каква шанса имате да фатите непријателски шпиони во мени Контрашпионажа. Шансата се базира на формулата за шпионажа која го зема во предвид бројот на шпионите на двете страни, како и нивоата Шпионажа на напаѓачот и Контрашпионажа на бранителот.
- Нема да гледате противнички шпиони во посед, освен ако немате сопствени шпиони кои се распоредени таму. Досега противничките шпиони се гледаа дури и да немате никакви шпиони.
- Нема да го гледате името на сопственикот на шпионите ако Вашата шанса да го фатите е помала од 5%.
- Ако во Вашата империја има инфилтрирани шпиони, ќе имате шанса да добиете порака која известува за присуството на противнички шпиони. Оваа шанса повторно зависи од формулата за шпионажа која го зема во предвид бројот на шпионите на двете страни, како и нивоата Шпионажа на напаѓачот и Контрашпионажа на бранителот.
Logged


Angela
Macedonian Community Manager


Facebook Fan Page
Angela
Community Manager
*

Karma: +256/-18
Offline Offline

Posts: 3648


« Reply #112 on: July 11, 2018, 09:19:49 AM »

Отстранување на медали и награди за битки на денот
11.07.2018

Почитувани воини, медали и награди во дијаманти за битки не денот во напад и одбрана веќе нема да се доделуваат. Промената важи за веб и мобилните светови во верзија 6.
Logged


Angela
Macedonian Community Manager


Facebook Fan Page
Angela
Community Manager
*

Karma: +256/-18
Offline Offline

Posts: 3648


« Reply #113 on: July 17, 2018, 07:45:21 AM »

Промени во лига Градби

Следните промени кои се однесуваат на лига Градби, ќе бидат воведени во понеделник 23.07:

- поените, добиени за градби, добиени како дел од територијалното раширување (основање на колонија/трговска станица/воена станица), ќе бидат изгубени ако поседот биде уништен од неговиот сопственик.
Logged


Angela
Macedonian Community Manager


Facebook Fan Page
Angela
Community Manager
*

Karma: +256/-18
Offline Offline

Posts: 3648


« Reply #114 on: July 18, 2018, 12:54:58 PM »

Шаблони за војска во мени Напад

Почитувани играчи, од денес можете да го користите новиот додаток во екранот за испраќање на напади - шаблони за Вашата војска. Еве како работат тие во неколку кратки чекори:

1. Изберете ги единиците и формацијата кои сакате да бидат зачувани во шаблон. Генерали и предмети НЕ се зачувуваат во шаблони.
2 Кликнете на копчето за зачувување на шаблон и изберете позиција во која сакате да го зачувате. Може да запишете и кратко име на шаблонот кое ќе се покажува во тултип кога ќе го прегледувате шаблонот.
3. Следниот пат кога повторно ќе бидете во екран Напад, може да го изберете само посакуваниот шаблон и војската од него ќе биде автоматски пополнета. Ако нема доволно војска за целосно пополнување на шаблонот, може да изберете делумно пополнување со достапните единици.
4. Ако сакате да ослободите некој шаблон, можете да кликнете на копчето за бришење и потоа да го изберете шаблонот што сакате да биде избришан. Исто така имате можност и да зачувате нова конфигурација на војска врз веќе постоечки шаблон.
Logged


Angela
Macedonian Community Manager


Facebook Fan Page
Angela
Community Manager
*

Karma: +256/-18
Offline Offline

Posts: 3648


« Reply #115 on: September 03, 2018, 14:05:40 PM »

Промени кај наградите од нивоа
22.08.2018


Почитувани играчи, би сакале да објавиме неколку промени кај наградите кои ќе ги добивате при зголемување на нивото на Вашиот профил. Наградата за ниво 50 се променува од позадина за преземање на бонус Човек на законот 2, кој го намалува времетраењето на анрхијата за 50%. Наградата за ниво 60 се променува од MP3 музика на нов бонус Благословен, кој ги зголемува подароците кои ги добивате од храмот за 10%. Наградата за ниво 80 се прменува од маица на ваучер кој содржи 150 000 заработени дијаманти.
Logged


Angela
Macedonian Community Manager


Facebook Fan Page
Angela
Community Manager
*

Karma: +256/-18
Offline Offline

Posts: 3648


« Reply #116 on: September 03, 2018, 14:06:22 PM »

Воин на денот
28.08.2018


Драги императори, би сакале да ве изненадиме со нова награда за којашто би можеле да се борите - Воин на денот. Таа ќе се доделува за исклучително воено претставување секој ден. Секој играч ќе биде оценуван според неговите битки против други активни играчи. Освоени воени поени, ограбено население, разлика во поените помеѓу страните учесници и број на загубите се земаат во предвид. За оваа награда е потребно во светот да биде спроведен одреден минимум од уникатни битки - во спротивен случај таа нема да биде доделена. На крајот на ерата на играчот со најмногу награди Воин на денот ќе му биде доделен и медал!
Logged


Angela
Macedonian Community Manager


Facebook Fan Page
Pages: 1 ... 6 7 [8]   Go Up
  Print  
 
Jump to:  

Powered by MySQL Powered by PHP Powered by SMF 1.1.12 | SMF © 2006-2009, Simple Machines LLC Valid XHTML 1.0! Valid CSS!