Angela
Community Manager
Karma: +256/-18
Offline
Posts: 3658
|
|
« Reply #16 on: June 23, 2017, 12:40:43 PM » |
|
По повод Рамазан бајрам, Империја Онлајн им дава можност на играчите од турските, арапските и меѓународните светови (со исклучок на светови Мега Блиц, Блиц Мастер) да активираат Празнична заштита. Празничната заштита ќе може да биде активирана од мени Премиум >> таб Додатоци во верзија 5, преку иконата за празнична заштита на мапата на селото во верзија 6 и од мени Премиум во мобилните апликации на 24.06. во 15 часот, време по сервер и ќе заврши на 28.06 во 15 часот, време по сервер.
Правила на празничната заштита:
Додека е активна, профилот не може да биде нападнат, ниту пак може да напаѓа. Војската не може да биде испраќана на Обиколка. Во меѓувреме, може да се пристапи во профилот, може да се градат градби, може да се прават истражувања, да се регрутира војска и итн. Сите напади испратени до соодветната Империја пред активирањето, ќе бидат извршени. Сојузните битки се исклучени од секаков вид заштита. Нападите по независни градови за запленување на ресурси како и нападите по/од варварски кампови исто така не се возможни. Возможни се нападите по Мрачната тврдина, Черепот на богатството и Кулата на знаењето. Издржување на војската нема да се зема, иако во статистиката може да излгеда дека се задржува (ќе се задржува издржување во случај да ја напаѓате Мрачната тврдина, Черепот на богатството или Кулата на знаењето).
ВНИМАНИЕ: Ви препорачуваме да се најавите во профилот пред да бидат пуштени нападите за да не се пресмета одеднаш издржувањето на војската за времето додека не сте биле онлајн во играта!
* И модот Одмор и Празничната заштита може да се активираат само ако моментално нема војска на мисија.
|