Imperia Online International

Other Forums => Новости => Topic started by: Angela on March 02, 2017, 13:11:34 PM



Title: Нови чуда
Post by: Angela on March 02, 2017, 13:11:34 PM
Почитувани играчи, со задоволство би сакале да Ве информираме за додавањето на 9 нови чуда во играта. Тие се следните:

*Гробницата на војната го намалува издржувањето на војската за 5%
*Портата на победата додава 5 дополнителни поени морал во битка
*Мистичните земји ги зголемуваат наградите од грамот за 10%
*Златната набљудувачница дава 100% ефикасност на шпионите (1 шпион ќе биде ефективен колку 2)
*Древната опсерваторија го зголемува опсегот на сите логистики за 10% (со исклучок на Вазалната логистика)
*Забранетата палата го зголемува приходот од злато од трговија и вазали за 50%
*Градините на животот го зголемуваат прирастот на население за 10%
*Змејскиот ѕид им причинува 10 поени загуба на морал во битка на сите кои Ве напаѓаат
*Храмот на пропаста на сите Ваши единици им дава 10% бонус на нападот во првата рунда во битка во која учествуваат

Освен тоа, 2 од моменталните чуда се подобрени:
*Мистичниот обелиск дава 10 поени задоволство, наместо 5
*Огнениот врв го зголемува лимитот на задоволство за 10 поени, наместо за 5

Но тоа не е сѐ. Играчите кои ги контролираат највисоките нивоа на секое чудо, ќе имаат можност да активираат персонализиран изглед на своите провинции на глобалната карта. Секој персонализиран изглед ќе биде соодветен со стилот на чудото, контролирано од играчот и на овој начин империјата ќе биде уникатна во светот.

Не се двоумете и брзо зафаќајте се со новите чуда! Се надеваме да Ви се допаднат овие одлични бонуси! Сила и чест!

(Новите чуда сѐ уште не се достапни преки мобилните апликации на играта)