Imperia Online International

Other Forums => Новости => Topic started by: Angela on March 24, 2016, 14:03:46 PM



Title: Преместување на империјата
Post by: Angela on March 24, 2016, 14:03:46 PM
Ваши Височества!

Империјалното Министерство на инфраструктурата би сакало да објави дека од денес на сите Владетели ќе им биде дозволено да ги преместуваат своите империи! Опцијата е достапна во таб Империја во мени Подесувања. За да ја искористите, Вашата империја треба да одговара на следните услови:

• Не треба да има други поседи освен престолнината:
• Не треба да има активни мисии од било каков вид;
• Империјата не треба да е под напад;
• Новата локација се одредува на случаен принцип, не може да се избира од играчот;
• Ново преместување на империјата е возможно после една седмица од последното;

Уживајте во новата функција!

Важно: Преместувањето на империјата нема да е активно за мобилните апликации.