Imperia Online International

Other Forums => Новости => Topic started by: Angela on December 17, 2015, 17:29:13 PM



Title: Сојузни промени
Post by: Angela on December 17, 2015, 17:29:13 PM
Драги играчи!

Со постојаните обиди да Ве направиме среќни, објавуваме дека е време за сојузни промени!

Во сојузите ќе биде направена основна реорганизација:

- Сите сојузи веќе ќе имаат фиксен максимален број членови - 50;
- Сојузната администрација веќе не влијае на бројот на членовите. Сега таа дава % бонус на сојузните донации;
- Секој сојуз може да избира помеѓу 2 статуси - отворен и затворен. Во отворените сојузи може слободно да влегува секој играч од светот. Во затворените сојузи се кандидира како досега и членови се примаат после одобрување;
- Сите досега формирани сојузи автоматски ќе бидат со статус "затворен". Сојузите, формирани после промената, автоматски ќе бидат со статус "отворен";
- Секој играч што ќе влезе во отворен сојуз, на почеток ќе биде со статус "Нов", со којшто ќе има ограничен пристап до сојузинте менија и инфомрација. Лидерот на сојузот може да го унапреди до полноправен член, кога ќе реши дека е потребно;
- Формирањето на нов сојуз веќе чини 10 000 злато. Ако во светот нема отворени сојузи за нови играчи, цената ќе биде 0 злато;
- Сите сојузни истражувања веќе почнуваат од 1-во ниво при формирање на нов сојуз;

Важно: Сојузните промени нема да бидат воведени во мобилните апликации.