Imperia Online International

Other Forums => Новости => Topic started by: Angela on August 26, 2015, 15:50:29 PM



Title: Нова функција: Дневни мисии
Post by: Angela on August 26, 2015, 15:50:29 PM
Пуштена е нова функција во форма на Дневни мисии, таа е достапна за сите играчи кои имаат повеќе од 500 нето економски поени. Функцијата им дава на играчите различни мисии кои се во согласност со индивидуалниот развој на секој профил, подредени по тежина. Играчите треба да ги исполнат овие мисии во рамките на еден ден и за секоја успешно завршена мисија ќе добијат одреден број поени. Во согласнот со акумулираните поени, играчите добиваат различни награди како ресурси и право на вртење на Тркалото на среќа. Нови мисии се генерираат секој ден на полноќ (време по сервер) додека напредокот за претходниот ден се губи. Исто така се губат сите награди кои не се земени до тој момент. На крајот од секоја недела се пресметуваат сите поени што играчот успеал да ги акумулира за тој период и според достигнатата вредност добива награда во вид на ковчег кој содржи ресурси.

(http://i.imgur.com/wz9enEZ.png)